
Општа хирургија
Во историјата на битолското здравство, хирургијата зазема посебно место. Таа е составен дел на медицинските установи кои што биле основани уште во времето на турското владеење. Така, во 90-те години од ХIХ век во Битола беше формирана турска воена болница позната под името Хоспитал милитер, т.н. Астане.
По Првата светска војна оваа болница продолжи да работи како Воена болница. Во неа, покрај другите, работеше и хирургот д-р Бранко Шљивиќ, подоцна професор по анатомија на Медицинскиот факултет во Белград.
На крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век во градот работи болница под името Спиталје (Евангелизмос), во која се изведувале и хируршки зафати.
Во 1950 година се организира и започна да работи Специјалната болница за белодробна туберкулоза. Истата располага со 500 легла и била единствена од ваков тип во Републиката. Во оваа болница се вршеле и хируршки интервенции на белите дробови, а хирурзи доаѓале од Скопје, за да вршат белодробни оперативни зафати.
Од 1952 година во Хируршкото одделение почна да работи д-р Димитар Лиаку, кој што во голема мера е заслужен за развојот и модернизирањето на хирургијата, како и за воведувањето на нови методи во работата и за формирање на неопходен хируршки специјалистички кадар. Во 1958 година, по IХ-тиот хируршки конгрес во Љубљана, од Хирургија се оделува Ортопедијата како посебна гранка, додека во 1984 година истото се случува и со Службата за Урологија. Во поновата историја на Одделението за хирургија, односно во 2012 година, како засебна служба се оделува и Службата за Неурохирургија.
Во време на формирањето на Медицинскиот центар, како здружена здравствена организација, Хируршката служба располагала со 5 специјалисти по општа хирургија. Тие работеле со многу добар успех и обезбедувале ефикасна хируршка заштита како за пациентите во градот, така и во целиот Југо-Западен регион на Република Македонија.
Посебно треба да се издвојат и услугите кои што ги дава хируршката служба на Воените органи и Гарнизонот во Битола. Се негувала мошне добра соработка со Гарнизорската амбуланта, Воената болница во Скопје и Хируршките клиники во Скопје.
Хируршката служба во неколку наврати дала голем придонес во згрижувањето на масовни повреди и повреди од елементарни непогоди. Во 1962 година се воведува и Торакалната хирургија со започнувањето на модерната ендотрахеална анестезија.
Низ целиот овој период, па се до денес, неколку генерации на лекари даваат огромен придонес во развојот на Хируршкото одделение. Распределени според генерации и според нивното доаѓање тоа се следните лекари:
Благодарение на Прим.д-р Јованчо Стефановски, од 15 мај 1995 година, во хируршкото одделение започнуваат да се изведуваат лапараскопски операции на жолчка. Д-р Стафановски започнува да ги изведува овие операции како прв во регионот и меѓу првите во Република Македонија. Своето искуство, тој го стекнал во познати центри по лапароскопска хирургија во Канада, САД, Италија и Хрватска. Во текот на своето работно искуство едуцирал и поголем број од своите колеги за изведување на лапароскопија.
По својата организациона поставеност, Хируршката служба располага со:
Хируршкото одделение располага со високо едуциран кадар и тоа:
15 Лекари специјалисти хирурзи (од нив 3 Примариуси) |
2 Лекари на специјализација |
19 Медицински сестри на оддел (5 со високо образование, 1 со вишо образование, 13 со средно образование) |
9 Медицински сестри - инструментарки (5 со високо образование, 1 со вишо образование и 3 со средно образование) |
9 Болничари - одржувачи на хигиена |
4 Болничари - транспортери |