Оториноларингологија
Оториноларингологија
Историја
Вистинскиот развој и подем на оториноларинголошката дејност во Битола, како и во целиот Југозападен регион на Република Македонија, започнува со формирањето на Одделението за болести на уво, нос и грло, во состав на Општата Болница - Битола.
На 20 ноември 2957 година, одделението го формира првиот специјалист во цела република, надвор од ОРЛ Клиника Скопје, прим.д-р.Христо Христов.
Со текот на годините, одделението постепено се доекипира со соодветен среден медицински персонал и со следните доктори- специјалисти: д-р.Благој Петровски, прим.д-р.Радиша Шундовски и прим.д-р.Ратко Талевски.
Високо едуциран кадар
Денес, Одделението за болести на уво, нос и грло има 22 вработени, при што располага со високо едуциран кадар, и тоа:
8 Специјалисти доктори (од кои 3 примариуси) |
12 Мед.сестри ( од кои 3 со ВСС ) |
2 Хигиеничарки |
Организациона поставеност
Одделението за болести на уво, нос и грло ја има следната организациона структура:
- А. Отсеци
- Специјалистичка-консултативна амбуланта
- Оперативен тракт со :
- Операциона сала
- Сала за ендоскопија
- Стационар со 21 кревет
- Б. Кабинети
- За Ендоскопија
- За Аудиометрија
- За Отодијагностика
Регионален карактер
Одделението има капацитет да дава високо стручни и професионални услуги, непрекинато 24 часа.
Постоечкиот капацитет на одделението со својот простор и стручен кадар, моментално ги задоволува потребите од областа на Оториноларингологијата за целиот Југозападен регион на Република Македонија.
Просечно годишно, во ова одделение се вршат над 25.000 консултативно-специјалистички прегледи, над 300 хируршки интервенции со ендотрахеална анестезија и над 1.200 аудиолошки иследувања.
Со текот на годините, се менува доминантната патологија на болестите од оваа област, така што одделнието ја дооформува својата стручност во таа насока. Напорите, и на одделнието и на Клиничката болница Битола, се насочени и кон набавка на најсовремена апаратура, воведување најсовремени дијагностички и оперативни протоколи. Сето ова, секако мора да биде пропратено и со специјалистички и субспецијалистички доусовршувања на стручниот кадар, како во земјата, така и во странство.