Психијатрија
Психијатрија
Историја
Одделението за психијатрија е дел од ЈЗУ Клиничка болница ,,д-р Трифун Пановски”- Битола. Истото, на 26.11.2005 година, е одделено од Невропсихијатриското одделение и е формирано како посебна работна единица, која почнала да работи со четири лекари специјалисти.
За прв раководител на новоформираното Психијатриско одделение бил назначен д-р Љупчо Алексовки, специјалист психијатар.
Како стручни кадри особен придонес во формирањето на ова одделение имале и: примариус д-р Стефче Бојаџиев, спец.невропсихијатар (пензиониран), д-р Лилјана Башиќ спец.невропсихијатар (пензиониран) и д-р Митко Јовановиќ, спец.психијатар.
На самиoт почеток биле вклучени и три психолози и еден социјален работник.
Особен придонес во развојот и работата на Оделението за психијатрија имат и сега пензионираните работници: Лазо Ројковски, дипл.социјален работник, Блага Груевска, мед.сестра, Васа Галовска, мед.сестра, Нада Суклевска, мед.сестра, Перса Соклевска, болничар и волонтерката Марија Мисирлиевска, дипл.социјален работник.
Болничко лекување на зависници од алкохол
Во состав на психијатриското одделение се вклучи и Дневната болница за алкохолизам.
Во рамките на оваа дневна болница продолжи со работа и Клубот на лекувани алкохоличари, со редовни состаноци еднаш неделно.
Центар за превенција и третман на зависности од дроги
Во составот на психијатриското одделение, како нов оддел, е формиран Центар за превенција и третман на зависности од дроги, кој работи како дневна болница.
Центарот започна со работа на 12 април 2007 година. Во рамките на овој центар се ординира супституциона терапија (sol. Methadone) на зависници на опојни дроги. Пациентите задолжително терапијата ја земаат под надзор на медицински персонал, а терапијата за дома се издава според протокол за работа.
Центарот за превенција и третман на зависности од дроги беше екипиран со: 2 лекари од општа медицина, социјален работник, психолог и четири медицински сестри. Персоналот претходно беше стручно обучен во Центарот за зависности од дроги во К.Вода во Скопје.
Организациона поставеност
Психијатриското одделение во својот состав има неколку оддели и тоа:
- Болнички дел со 14 кревети
- Амбуланта
- Психолошки кабинет
- Дневна болница за алкохолизам
- Центар за превенција и третман на зависности од дроги
Високо едуциран кадар
Денес, Психијатриското оделение кадровски е екипирано со:
6 Лекари специјалисти по психијатрија |
3 Психолози |
1 Социјален работник |
10 Медицински сестри ( од нив 1 со ВСС ) |
5 Болничари |
Во Центарот за превенција и третман на зависности од дроги работат:
2 Лекари од општа пракса |
3 Медицински сестри ( од кои 2 со ВСС) |
Современи терапии
Стручниот тим во Психијатриското одделение е стручно-методолошки обучен за фармако-терапија, психотерапија и социо-терапија.
Одделението ги покрива сите подрачја од клиничката и консултативната психијатрија и успешно ја третира целата возрасна психијатриска популација.
Целиот персонал во психијатрија секојдневно работи во кординација, со што одделението е пример за ефикасност, тимски пристап во работата и примена на професионалните и етичките норми во дијагностиката, терапијата, превенцијата и рехабилитацијата на психијатриските и психосоматските пореметувања, третманот на зависности од алкохол и од опојни дроги.
Тимовите ги следат современите пристапи во третманот на душевните болни и кај болестите од зависност, а преку континуирана медицинска едукација се усовршуваат во Македонија и во странство.