Вести

Во прилог е интервјуто на нашата директорка Д- р Елизабета Ивановска, објавено на програмата на МТВ на 19 септември 2023та година, каде го најавува отворањето на стационарниот дел на Одделението за Физикална медицина и рехабилитација при ЈЗУ Клиничка болница Битола, повторното ставање во функција на базенот во склоп на истото одделение, како и за новите вработувања, следните планови на менаџерскиот тим како и тоа дали истата е задоволна од досегашната работа на целокупниот персонал на Клиничка болница Битола.

Ставено во функција стационарниот дел на Одделение за Физикална медицина и рехабилитација при ЈЗУ Клиничка болница Битола - за потребите на пациентите ставен во функција и базенот во склоп на истото одделение.


Во прилог е интервјуто на нашата директорка Д-р Елизабета Ивановска објавено на програмата на МТВ, на 19 септември 2023та година, каде го најавува отворањето на стационарниот дел на Одделението за Физикална медицина и рехабилитација при ЈЗУ Клиничка болница Битола, повторно ставање во функција на базенот во склоп на истото одделение, како и за новите вработувања, следните планови на менаџерскиот тим како и тоа дали истата е задоволна од досегашната работа на целовкупниот персонал на Клиничка болница Битола.


Проследете го го интервјуто во прилог :


Добар ден почитувани од Клиничка болница Битола, поточно од Одделението за физикална медицина и рехабилитација кое во текот на вчерашниот ден повторно е ставено во функција.


Колку време се чекаше Одделението за физикална медицина и рехабилитација да биде достапно за лежечки пациенти и што се беше потребно да се превземе за негово повторно пуштање во употреба разговараме со нашата денешна говорничка - директорката на нашата Клиничка болница др.Елизабета Ивановска.

  • Како што веќе најавивте во текот на вчерашниот ден започна со работа стационарниот дел на Одделението за физикална медицина и рехабилитација и заедно со тоа беше отворен и базенот за пациенти на кои им е потребен таков вид на терапија. Овој базен не беше во функција скоро пет години, стационарниот дел на физикална беше затворен пред ковид пандемијата и сега е повторно ставен во функција, со оглед на тоа дека Клиничка болница Битола се надополна со нововработен персонал иститот ќе биде во функција и ќе им користи на самите пациенти.


Пелагонискиот регион е голем, колкав е капацитетот на стационарниот дел, на базенот и што можат да добијат од него пациентите?

  • Стационарниот дел на Одделението за физикална медицина и рехабилитација вкупно располага со 31 кревет, и тоа две соби за полуинтензивна нега односно за потешки неподвижни болни, една машка соба со пет кревети и една женска соба со шест кревети, апартман со два кревети и уште две соби за пациенти кои се наменети за подвижни болни лица или вкупно 31 кревет .
    Што се однесува на капацитетот на базенот или лица кои можат да го користат истовремено, и тоа ортопедски оперирани лица, максимум можат да го користат 6 лица, бидејќи истите мора да користат помагала држачи за да можат да влезат во истиот, дечиња кои имаат сколиоза можат истовремено да го користат 10 на број, а преостанатоте можат да го користат во зависност од нивната возраст и дијагноза.


Колку ова одделение за значајно за самата Клиничка болница Битола, колкава е потребата на истото во втората фаза на лекување на пациентите?

  • Веќе ги споменавме ортопедските оперирани болни пациенти, меѓутоа истиот може да го користат и сите преостанати пациенти кои се сместени во одделенијата на клиничка болница, пациенти болни од различна природа, пациенти кај кои се појавила повреда, фрактура, траума. На пример одделението за Неврологија има пациенти кои имаат потреба од таа физикална терапија но и од пациенти кои треба да бидат хоспитализирани, стационирани и кои не се во можност да доаѓаат од дома за да ги направат тие вежби.


Една од главните причини токму пред пет години кога и беше затворено беше недостатокот на персонал, каква е во моментот состојбата, можете ли да одговорите на овој нов предизвик?

  • Најголемиот проблем со кој што се соочив само што ја превзедов функцијата на директор на клиничка болница Битола  беше недостатокот на кадар, но успеавме тој недостиг такашто ги надополнивме одделенијата каде што беше најпотребно со лекари од другите градови, во меѓувреме очекуваме и нови вработувања такашто ќе се подобри сликата на нашата болница.


Веќе неполна половина година сте на функцијата, го правите првиот исчекор, дали беше тешко?

  • Беше доста тешко, дојдов на функција кога во Клиничка болница Битола имаше два немили немили случаи, две ситуации во нашата болница, но сите се трудиме максимално, јас лично сум многу задоволна од работата на целиот медицински персонал, од нивното несебично залагање, и нивен коректен и правилен однос верувам дека успехот нема да изостане.


Онаа стара болка, која не е заради ваша вина, или проблем кој се наталожил со текот на годините, недостиг на лекарски и друг медицински персонал, останува во Клиничка болница, каде се е најтенко и во кои одделенија?

  • Проблемот останува, но каде што имаше најголем недостиг на персонал како што напоенав надополнивме со визитинг доктори од други градови, како што е Одделението за ортопедија, Одделението за неврохирургија, Одделението за педијатрија каде ни доаѓаат доктори од Скопје и за истите одделенија имам пофални зборови, бидејќи имаме зголемен број на операции, според статистиката за извршени интервенции операции која ја обезбедив за денешното интервју, и тоа конкретно во Одделението за ортопедија и трауматологија за месеците јуни, јули и август 2022 година, споредено со истите месеци оваа година 2023та, според интервенции извршени во малата сала, минатата година извршени се 240 интервенции а во истиот период оваа година извршени се 300 интервенции, додека пак во голема операциона сала каде се извршуваат операции од потежок вид, минатата година извршени се 48 а оваа година извршени се 75 операции.

Значително малку е зголемен и бројот на пороѓаи на Оддел за гинекологија и акушерство, каде минатата година во месеците јуни, јули и август имало 135 пороѓаи а оваа година таа бројка нараснала на 145 родилки кои се во истото.


Едно од одделенијата кое премина на амбулантска работа е и одделението за инфективни болести, повторно се актуелни одредени ковид статистики, што доколку дојде до повторна ваква криза,колку ќе бидете подготвени да одговорите на овој предизвик?

  • Моментално инфективното одделение работи 12 часа, и тоа од 07 часот до 19 часот , бидејќи моментално толкав ни е капацитетот со работен персонал, имаме еден доктор со полно работо време и еден доктор со скратено работно време, покриена е потребата на одделението до ноќните часови, во моментот нема хоспитални болни, доколку дојде до потреба ние ќе ги ставиме сите ресурси на располагање или така речено ќе се снаоѓаме и ќе овозможиме најповолни услови за нашите пациенти.


Една од најглавните и основна ваша агенда е што побрзо да се пополни недостатокот од стручен кадар, и деновиве ангажиравте нови лица со договор на дело?

  • Да, имаме добиено согласности за 40 нови лица со договор на дело, од кои дел се доктори, медицински сестри и болничари така што се добива друга бројка на вработени и поинаква слика за нашата Клиничка болница, и во секој момент очекуваме солгасности за нови вработувања на неопределно време.


Ќе има ли доволно лекари специјалисти?

  • Никогаш не е доста од лекари специјалисти, меѓутоа ќе имаме и нови специјалисти, во меѓувреме додека ги очекуваме специјалистите кои веќе се на специјализација да ни се вратат, тој перод од една и пол година ни е малку критичен, но сепак сликата се подобрува и сега е малку поинаква целовкупната ситуација према онаа претходно.


Како што споменавте, дојдовте на функција кога Битолската клиничка болница ја тресеа немили настани, за среќа немаме такви настани во скоро време, на што тоа се должи, на подобрата организација?

  • Можам да речам дека работата, несебичното залагање на целиот персонал, среќа, добар и коректен однос успехот е неизбежен.


Во следниот период, што е она што останува во фокусот на вашето внимание и вашиот тим?

  • Приоритет ни се новите вработувања тоа ни е најнеопходно, понатаму планираме да го ставиме во функција апаратот за ангиографија, во одделението за онкологија да го ставиме во функција апаратот акцелератор и сето тоа да го направиме поскоро за нашите пациенти.


Да се надеваме дека со посветена работа ќе успеете во вашите планови, а Битолската болница ќе го врати некогашниот рејтинг.
Ви Благодарам.

Сподели:

Клучни зборови: Интервју, Д-р Елизабета Ивановска, МРТ