Вести

При успешната реализација на проектот со два хеликоптери, на хелиодоромот на ЈЗУ клиничка болница Битола долетаа Министер за Здравство д-р Фатмир Меџити, Заменик Министер за Здравство д-р Маја Манолева, Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директор на ГОБ 8-ми Септември д-р Христијан Костов кои  го промовираа медицинскиот хеликоптер за пациенти на кои им е потребен итен транспорт, првенствено до ГОБ 8-ми Септември а следствено и до други поликлиники и здравствени центри низ државата. Тие беа пречекани од Директорката д-р Елизабета Ивановска, Министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска  и многубројни присутни поканети и вработени во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Првиот пробен лет се изведе до нашата ЈЗУ Клиничка болница Битола.

При успешната реализација на проектот со два хеликоптери, на хелиодоромот на ЈЗУ клиничка болница Битола долетаа Министер за Здравство д-р Фатмир Меџити, Заменик Министер за Здравство д-р Маја Манолева, Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директор на ГОБ 8-ми Септември д-р Христијан Костов кои  го промовираа медицинскиот хеликоптер за пациенти на кои им е потребен итен транспорт, првенствено до ГОБ 8-ми Септември а следствено и до други поликлиники и здравствени центри низ државата. Тие беа пречекани од Директорката д-р Елизабета Ивановска, Министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска  и многубројни присутни поканети и вработени во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити истакна дека на овој начин се овозможува подобра заштита, како и побрз транспорт на пациентите до здравствените установи.
Во зависност од дијагнозата на пациентите што треба да бидат траспортирани ќе се обезбедува и дополнителна опрема. Транспортот е целосно бесплатен и екипиран со доктор и медицинска сестра.

Денеска ми е особено чест и задоволство што заедно испишуваме историја, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Изминатиов период Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Словенија остварија значителна соработка во областа на воздухопловството. Како резултат на таа соработка хеликоптерската единица на словенечката полиција донираше различна опрема за извршување на специјализирани воздухопловни операции меѓу кои и специјална опрема за извршување на летови за меѓу - болнички транспорт”, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите.

Притоа, тој појасни дека опремата е компатибилна на двата хеликоптери марка Бел кои ги користи Одделот за воздухопловни единици и истата се состои од медицински пакет кој овозможува транспорт на пациентот и целата медицинска опрема потребна за пациентот за време на летот. Монтажата и демонтажата на медицинскиот пакет е процес кој не одзема многу време т.е за десетина минути хеликоптерот може да се доведе од било која конфигурација во конфигурација за меѓу болнички транспорт и обратно.

Денес изведовме и пробен лет до Клиничка болница Битола, како една од пооддалечените дестинации. За успешната реализација на проектот, опремивме хеликоптер со медицинска опрема од ГОБ „8 Септември“, вклучувајќи монитори за следење на витални параметри и инвазивен мониторинг, дефибрилатор, кислородна боца, аспиратор, како и лекови и друга медицинска дополнителна опрема што се предвидува според дијагнозата на пациентите што ќе бидат транспортирани.

Освен медицинската опрема, во хеликоптерот ќе биде вклучен и медицински тим од лекар и медицинска сестра. Важно е да се потенцира дека транспортот е потполно бесплатен за пациентите.– Изјави заменик министерката за здравсто - Маја Манолева

Во минатото ретки биле случаите на пренос на болни лица со медицински хеликоптер, и тоа лица на кои им е потребна итна интервенција во некој од поголемите клинички центри во државата, како што се итни и ургентни случаеви во педијатријата, ургентни состојби во интерната медицина за кои во нашата болница немаме соодветна апаратура, политрауми, витално загрозени пациенти за кои немаме соодветни гранки од медицината, руптура на аневризма, дигестивни крварења, потешки трауми при сообрајќајни незгоди, помасовни несреќи, постродилни компликации, неонатолошки специфични случаеви на коишто им е потребен итен транспорт. За сите овие состојби потребно е претходно да бидат исцрпени сите можности на лекување во нашата болница и проценка на конзилијарен тим за транспортибилност на пациентот.

Досега сме немале можност секогаш да излеземе во пресрет на итните случаи но од денес, го имаме на располагање медицинскиот хеликоптер за пренос на болни лица, техничкиот персонал и екипа од медицински професионалци обучени за давање критична нега на пациенти за време на преносот. На овој начин при преносот на болни лица со хеликоптер - се скратува времето на патување до конечната дестинација и секако преносот на пациентот се одвива на полесен и поефикасен начин. Со обезбедување на хеликоптер за итни медицински случаеви може да кажеме дека грижата за нашите граѓани е во постојана нагорна линија и се движиме кон подобри услуги на сите пациенти на кои име е потребна нашата помош.” изјави  директорката д-р Елизабета Ивановска.

Сподели:

Клучни зборови: Хеликоптер, Клиничка болница Битола