Вести

- Електрохируршки генератор со систем за коагулација со аргон и систем за евакуација на чад<br />
- 4K ултра ХД флуоресцентен лапароскопски систем, машина за ендоскоп MRD-01

Електрохируршки генератор со систем за коагулација со аргон и систем за евакуација на чад

Електрохирургијата претставува се почесто користена техника преку примена на наизменична струја на биолошкото ткиво, со цел кај пациентот да се предизвика термички ефект преку омско загревање (греење со директен отпор)  кое се користи за селективно уништување на ткивото.

Аргон коагулација пак е иновативен терапевтски модалитет на бесконтактна електрокоагулација, која применува висока фреквентна струја преку јонизирана аргон плазма. После неколку години успешна употреба во отворената хирургија, воспоставени се ендоскопски техники во различни хируршки области. Испуштањата на гас во аргон имаат се поголемо растечко поле на примена во електрохирургијата, каде што се користат за да предизвикаат главно површни термички ефекти врз ткивото и тоа на бесконтактен начин. Соодветната техника се нарекува Аргон плазма коагулација - првпат воведен во отворената хирургија кон крајот на 1970-тите, беше прилагодена за употреба во ендоскопија во 1991 година и стана најчесто користена техника за ендоскопска коагулација.
Со комбинација на електрохирургијата и аргон коагулацијата - најновиот генератор кој ќе се користи во одделението за Урологија ќе придонесе полесен, поефективен како и ефикасен начин на лекување и третман на болестите кои се од областа на урологијата за нашите пациенти од Битола и поширокиот регион. Со овој генератор се олеснува лекувањето на пациентите и се овозможува непречена функција на нашата клиника за Урологија на чело со др.Илија Келепуровски и неговиот тим од уролози, како и останат медицински персонал.

Електрохируршки генератор со систем за коагулација со аргон и систем за евакуација на чад 

 

Минимални технички карактеристики

  • Екран во боја на допир со минимална дијагонала од 10 инчи
    WiFi комуникациски интерфејс со можност за надоградба
  • можност за селекција на програми и под-програми само со користење на педала минимум 5 под-програми
  • сокети за конектирање на монополарни или биполарни инструменти во истиот сокет
  • мерење на сигнал од минимум 20 милиони мерења во секунда за подобрена репродуктивност на ефектот на ткивото
  • можност за користење до 6 инструменти истовремено
  • можност за складирање на програми- апликации минимум 250 програми
  • користење на неутрална електрода дводелна со еквипотенцијален прстен
  • приказ на екранот на моменталниот статус на неутралната електрода и и неонатална функција за неутрална електрода
  • минимум 7 сокети: 1 монополарен, 1 биполарен , 2 мултифункционални сокети за конектирање на монополарни и биполарни инструменти, 1 сокет за инструменти за лигирање на крвни садови, 1 сокети за инструменти за аргон плазма коагулација (ригидни и флексибилни) и 1 сокет за неутрална електрода со можност за користење на неутрални електроди за еднократна и повеќекратна употреба.
  • позициониран на троли со 4 тркала сите со кочница, место за складирање на боцата за аргон плазма коагулација.
  • можност за надоградба со воден нож во иднина за ендоскопски процедури
     

4K ултра ХД флуоресцентен лапароскопски систем - машина за ендоскоп MRD-01

Лапароскопскиот систем MRD-01 е ендоскоп кој се користи за испитување и третман во абдоминалната празнина. Во суштина тоа е ендоскоп со извор на светлина од оптичко влакно, вклучувајќи лапароскоп, енергетски систем, систем за извор на светлина, систем за перфузија и систем за сликање. Кога се применува на хируршки пациенти во целосно безболни услови, може директно и јасно да ја набљудува интраабдоминалната состојба на пациентот, да ги разбере патогените фактори и да врши хируршки третман за абнормални состојби со својот систем за сликање 4K Ultras HD.  Овој лапароскопски систем го има најновиот систем за сликање 4K, кој ги обединува најсовремената технологија Sony 4K UHD CMOS и патентираната технологија за обработка на слика Medwish Medical, заедно со напреден оптички дизајн и облога за неспоредлив вид внатре во хируршкото поле.

Системот за сликање Smart Eye 4K генерира поширок опсег на бои со прифаќање на 4K формат на бои BT2020, што овозможува богата репродуктивност на боите и обезбедува соодветни бои за секоја клиничка дисциплина. Тоа им овозможува на хирурзите да ги набљудуваат моделите и структурите со многу висока прецизност. Во нашата Клиника за Урологија иститот апарат ќе најде намена при изведување на најсовремени лапароскопски и ендоскопски операции од типот на биполарна трансуретрална ресекција на простата и малигни тумори на мочен меур како и ендоскопско решавање на калкулоза на горен и долен уринарен тракт.

“Секој поединец има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје. Нашата визија е одраз токму на сите наши стремежи а тоа е одговорост за здравјето и грижата за за пациентите. Менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола ќе остане и понатаму во служба на пациентите од Битола и поширокиот регион и неуморно ќе се залага за набавка на  на најнови технолошки достигнувања и опрема од областа на медицината”  - Др.Елизабета Ивановска.

4K ултра ХД флуоресцентен лапароскопски систем, машина за ендоскоп MRD-01

Сподели:

Клучни зборови: Нови апарати, Одделение за Урологија