Сервисни информации

Клиничката болница Битола го опреми очното одделение кое функционира во нејзин состав со најсовремен апарат за оптичка кохерентна томографија. Ваков апарат нема во регионот, така што пациентите ќе добијат најсовремен медицински третман.

Клиничка Болница Битола со сопствени средства го набави апаратот за очното  одделение. Се работи за апарат за оптичка кохерентна томографија со ОСТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото. Ова е најнов апарат и прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко

Процедурата е неинвазивна и краткотрајна. Со ова на очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди веќе од месец август.

Досега услуга од ваков тип пациентите можеа да добијат на очната клиника во Скопје, каде чекаа повеќе од три месеци. При тоа апаратот беше од постара генерација или услугата можеа да ја добијат во приватните клиники, каде прегледот е многу скап.

Во Клиничка Болница Битола  ќе се опфаќаат пациенти од цела Македонија, но и пошироко. Пациентите ќе се лекуваат со партиципатија, а закажувањето ќе биде преку мој термин.

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка болница Битола, очно одделение, најсовремен апарат, оптичка кохерентна томографија, ОСТ ангиографија