Вести

Во посета на Клиничка Болница Битола денес беше Пратеничката Јагода Шахпанска придружувана од Др.Гоце Чакаровски  Национален координатор за здравство  како и преставници од локалното раководство  на СДСМ.Целта на нејзината посета  беше да се запознае со примената на законските одредби од областа на  здравството кој парламентот ги донесе но и да размени мислење за законите кои следуваат да бидат донесени за подобро функционирање  и работење на здравствените установи во Република Северна Македонија.

Во посета на Клиничка Болница Битола денес беше Пратеничката Јагода Шахпанска придружувана од Др.Гоце Чакаровски  Национален координатор за здравство  како и преставници од локалното раководство  на СДСМ.Целта на нејзината посета  беше да се запознае со примената на законските одредби од областа на  здравството кој парламентот ги донесе но и да размени мислење за законите кои следуваат да бидат донесени за подобро функционирање  и работење на здравствените установи во Република Северна Македонија. При посетата беше разговарано со менаџерскиот тим и за многу други теми.Се согледаа состојбите  во клиниката,истакнавме дека немаме долгови дека работиме тековно месец за месец,ги искажавме нашите проблеми за кои добивме ветување за помош се што е од нивна страна.Добивме и  пофалба за 24 часовното работење на магнетната резонанца како единствен ваков проект во Република Северна Македонија. Заеднички  бевме на ставот дека гравитацијата на населението во Битола и битолскиот регион е кон јавното здравство  и затоа мораме заеднички да направиме напори Клиничка Болница Битола да ја направиме уште посовремена и поуспешна.

Сподели:

Клучни зборови: Посета, Клиничка болница Битола