ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАЦИЕНТИТЕ
Правото на здравствена заштита е основно човеково право. Доброто здравје не е привилегија, туку е загарантирано право.
ПАРТНЕРСТВО
Ние ги градиме нашите вредности во партнерство со нашите пациенти. За нас пациентот е на прво место.
Секојдневно во Клиничката болница Битола заеднички се соочуваме со предизвикот да обезбедиме најдобра медицинска грижа и соодветен третман за секој пациент во секое време.
Почитувањето на правата и обврските на пациентите и здравствените работници е од клучно значење во тој процес.
Правата и обврски на пациентите и здравствените работници во Република Македонија се илустрирани во следното видео:
ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Во Република Македонија постои посебен закон за заштита на правата на пациентите, при што се предвидени:
Во делот „Права на пациентите“ се потенцира дека „Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со ратификуван меѓународен договор“ (чл. 5 ст. 1). Во истиот член е содржана широка антидискриминаторска клаузула, одредба за почитување на личноста и достоинството на секој пациент и афирмација на правото на лична сигурност на пациентот (за време на престојот во здравствената установа).
Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување.
Партиципативната и активна позицијата на пациентите во однос на здравствените работници и промовирањето на човековите права во здравствената заштита и медицината, ќе овозможи должно почитување на достоинството и на пациентите и на здравствените работници.
ОБВРСКИ НА ПАЦИЕНТИТЕ
Пациентот за време на престојот во ЈЗУ Клиничка болница Битола е обврзан, во согласност со состојбата на неговото здравје:
Со правата и обврските на пациентите подетално можете да се запознаете преку законот за заштита на правата на пациентите, кој е достапен на интернет страницата на Министерството за здравство на Република Македонија, како и преку останатите закони од областа на здравството.
ЗАКОНИ
- 1. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
- 2. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО КРВ
- 3. ЗАКОН ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
- 4. ЗАКОН ЗА ЕВИДЕНЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО
- 5. ЗАКОН ЗА КОНТИНУИРАНОТО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ДОКТОРИТЕ НА МЕДИЦИНА
- 6. ЗАКОН ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
- 7. ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ
- 8. ЗАКОН ЗА БИОМЕДИЦИНСКО ПОТПОМОГНАТО ОПЛОДУВАЊЕ
- 9. ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
- 10. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
- 11. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
- 12. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ЈОНИЗИРАЧКО ЗРАЧЕЊЕ И РАДИЈАЦИОНА СИГУРНОСТ
- 13. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО
- 14. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
- 15. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ
- 16. ЗАКОН ЗА ХЕМИКАЛИИ
- 17. ЗАКОН ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА
- 18. ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ
- 19. ЗАКОН ЗА ПРЕКУРЗОРИ
- 20. ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СРЕДСТВА
- 21. ЗАКОН ЗА САНИТАРНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ИНСПЕКЦИЈА
- 22. ЗАКОН ЗА ЗЕМАЊЕ И ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО ЗАРАДИ ЛЕКУВАЊЕ