ЗА НАС
Во 2005 година битолската болница е прогласена за Клиничка болница, најдобра во својата класа по обем на пациенти и стручен квалитет во Македонија.
ЈЗУ Клиничка болница Битола е регистрирана на 05.07.2005 година како континуитет на Општата болница Битола.
Болницата пружа здравствена заштита на пациентите од Југозападниот регион на Македонија. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови успешно да се лекуваат сите видови заболувања со најсовремени дијагностичко-терапевтски методи.
Болницата располага со сите оддели кои се законски пропишани за Клиничка болница.
Во неа рутински се изведуваат сите медицински интервенции кои се од секундарно стручно медицинско ниво, како и голем број на интервенции кои се од класата на терциерно стручно медицинско ниво.
Медицинскиот кадар е искусен, систематски стручно оспособуван со децении и е голем потенцијал за натамошен силен развој на медицинските дејности.
ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ
Клиничка болница Битола располага со модерна опрема од висока технологија, при што ги издвојуваме: