Неврологија
Неврологија
Историја
Неврологијата во Битола го започна својот развој во 1962 година кога во просториите на поранешното очно одделение во старата болница беше формирано Оделението за невропсихијатрија.
На почетокот, во основачкиот медицински тим имало доктор специјалист невропсихијатар, две медицински сестри и три болничари. Одделението првично располагало со 18 болнички кревети, но нивниот број набрзо се зголемил на 32.
Во 1965 година во одделението започнале да работат и двајца специјалисти невропсихијатри. Се подобрила и опременоста со соодветни апарати и тоа со апарат за електрошок, Фарад и два апарати за дијатермија.
Така, со подобра екипираност и опременост, одделението веќе имаше капацитет да нуди решенија за сите невропсихијатриски болести.
Во 1974 година одделението се пресели во нови простории во новоизградената болница во Битола. Тогаш одделението, во кое работеле четири невропсихијатри, веќе било солидно екипирано и опремено, односно располагало со нови простории со 42 болнички кревети, ЕЕГ и РЕГ апарати.
Во одделението веќе биле оформени посебни оддели за неврологија, психијатрија, цереброваскуларни болести и така натаму. Во наредниот период дошле и нови доктори специјалисти невропсихијатри. По 2002 година, кога во одделението дошле и првите специјалисти по неврологија и психијатрија, веќе започнал процесот на постепено одделување на неврологијата и психијатријата.
Регионална неврологија
Од одделите за неврологија, за цереброваскуларни болести и за неврофизиологија при невропсихијатриското одделение во 2005 година беше формирано Невролошкото одделение.
Прв раководител на новоформираното одделение за Неврологија бил д-р. Драган Петровски, специјалист неврпсихијатар, кој бил дотогашен раководител на службата за Невропсихијатрија.
Во одделението за неврологија се определиле да работат и д-р.Симе Михајловски, д-р.Виолета Павловска, д-р.Томе Христовски, д-р.Кочо Петровски и д-р.Калиопи Пили-Кузева, сите специјалисти невропсихијатри, како и д-р.Томислав Стефановски и д-р.Ана Донева, специјалисти по неврологија.
Веднаш по поделбата, започнало преадаптирање и реновирањето на просториите на новото одделение.
Направени се Кабинети за ЕЕГ, РЕГ и ЕМГ.
Со овие апарати, како и со апаратите за компјутеризирана томографија, а подоцна и за магнетна резонанца при одделението за рендгенологија, одделението за неврологија станало, не само кадровски екипирано, туку и опремено со најсовремена апаратура. Со ова, одделението прераснува во Регионална неврологија.
Нови методи
Постојано се воведуваат нови методи од областа на неврологијата, како на пример ургентната неврологија со тромболизата, која во последните години стана рутинска метода на одделението за неврологија.
Организациона поставеност
Одделението за Неврологија денес организациски е составено од повеќе отсеци и тоа:
- Отсек за општа неврологија, главоболки и болни синдроми
- Отсек за цереброваскуларни болести-рана дијагностика и превенција
- Отсек за ургентна неврологија со полуинтензивна нега
- Отсек за неврофизиологија, епилепсија и невромускулни заболувања-кабинети за ЕЕГ и ЕМНГ
- Отсек за воспалителни, демиелинизирачки и автоимуни заболувања
- Отсек за хередодегенеративни, екстрапирамидни и дегенеративни заболувања и
- Невролошка амбуланта како посебен отсек.
Високо едуциран кадар
Денес, невролошкото одделение кадровски е екипирано со високо едуциран кадар, и тоа:
5 Доктори специјалисти (1 невропсихијатар и 4 невролози) |
11 Медицински сестри (4 со ВСС и 7 со ССС) |
1 Виш физиотерапевт |
5 Болничари |