ПОРТПАРОЛ


Сузана Коневска

Клиничката болница Битола е отворена за соработка со медиумите во однос на сите прашања од делокругот на дејноста на болницата.

За сите информации поврзани со Клиничка болница Битола медиумите можат да се обратат до:
Сузана Коневска, портпарол на Клиничка болница Битола.
Тел: +389 76 672 860

ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Во својата заложба за транспарентно работење и информирање на јавноста за теми од јавен интерес, Клиничката болница Битола и медиумите имаат обврска и кон пациентите и кон докторите да се грижат за нивното достоинство, како и за подигање на дигнитетот на докторската професија.

Објавување на информации, фотографии и видео снимки од пациенти може да се врши само со негова писмена согласност, обезбедувајќи ги при тоа професионалната тајна и неговото лично достоинство.

ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

Како во својата работа, така и во своите односи со медиумите, здравствените работници е неопходно да се придржуваат до Кодексот на медицинска етика и деонтологија, Хипократовата заклетва, како и законската регулатива од областа на здравството.

ИНФОРМИРАЊЕ

За активностите од своето тековно работење Клиничката болница Битола редовно ја информира јавноста, како преку медиумите, така и преку својот веб сајт: www.bolnicabitola.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ