Новата донација од страна на Ротаракт клуб Битола Широк Сокак во соработка со учениците од текстилната струка - техничар за изработка на облека при средното училиште “Таки Даскало” претставува донација од медицински наметки за пациенти кои ќе се лекуваат при ЈЗУ Клиничка болница Битола.
Оваа донација претставува резултат на заедничка соработка на Ротаракт клуб Битола Широк Сокак и текстилната струка - техничар за дизајн на облека при СОУ „Таки Даскало“, и тоа учениците од III година: Михаела Мицковска, Анастасија Талевска, Ангела Ковачевска и Демир Умер под водство на професорката Живка Танушева Ицаноска, кои ги изработија медицинските наметки, такашто овозможија една поинаква пракса со хумана иницијатива кон пациентите кои се лекуваат при Клиничка болница Битола.
Медицинските наметки беа донирани во тековната недела при ЈЗУ Клничка болница Битола за што директорката др.Елизабета Ивановска изрази благодарност:
“Ова донација на медицински наметки кои се обезбедија од страна на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола и текстилната струка - техничар за дизајн на облека при средното училиште Таки Даскалот, ќе претставува значајна донација и истите ќе бидат користени од страна на пациенти кои ќе се лекуваат во Одделение за Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Оддел за Хирургија, Одделение за урологија и други. Им се заблагодарувам во име на вработените на Ротаракт клуб Битола Широк Сокак за нивната заложба за донирање при ЈЗУ Клиничка болница Битола, и се надевам на понатамошна соработка со нив преку вакви значајни проекти и донации кои ќе бидат од големо значење за пациентите од Битола и поширокиот регион.”
“Благодарни сме за поддршката и соработката, кои овозможија успешно да ги реализираме нашите заеднички цели. Веруваме дека со оваа донација придонесуваме во подобрување на условите и престојот на пациентите во болницата” - истакна координаторот на проектот, Јане Велкоски од Ротаракт Широк Сокак.
“Нашите напори за подобро утре како и идеалот воден од нашата организација Service above self, ги зокружија напорите за еден ваков вид на донација со кој ќе им овозможи подобар престој на пациентите од Болницата.” - Претседателката за оваа ротаријанска година, Катерина Анакиевска.