Ментално здравје на деца и млади
Ментално здравје на деца и млади
Историја
Почетоците на организираната заштита на менталното здравје на деца и млади во Битола датираат од 25-ти мај 1982 година, како Советувалиште за ментално здравје на деца и млади во рамките на Службата за школска медицина.
Како Одделение за заштита на ментално здравје на деца и млади во рамките на Клиничката болница Битола функционира од 1992 година. Прв раководител е д-р Омер Сулејман, специјалист од областа на детската психијатрија.
Основна дејност
Основната дејност на одделението е:
- Заштита и унапредување на менталното здравје на децата и младите (примарна, секундарна и терцијална).
- Дијагностицирање и третман на децата и младите со:
- растројства во односите и емоциите што обично почнуваат во детството и адолесценцијата,
- растројства во психолошкиот развој,
- душевна заостанатост,
- растројства на личноста и на односите,
- растројства во расположението,
- растројства со стрес поврзани и соматоформни растројства,
- растројства во односите предизвикани од употреба на психоактивни супстанци,
- сидроми на односите придружени со физиолошки нарушувања и физикални фактори,
- развојни и стекнати говорно-јазични потешкотии и
- специфични развојни растројства на школските вештини.
- Освен основната дејност, ова одделение, се бави и со: консултативна и менторска работа, едукативна работа, научна и стручна истражувачка работа, соработува со родители и други релевантни институции во градот, регионот и Републиката.
Организациона поставеност
Во рамките на Одделението за заштита на ментално здравје на деца и млади функционираат 8 комисии за распоредување на лица со пречки во психичкиот и физичкиот развој до 26 годишна возраст.
Исто така, функционира и ЕЕГ кабинет за деца и млади кои имаат афективно-афебрилни конвулзивни атаки и Епилепсија.
Високо едуциран кадар
Одделението за заштита на ментално здравје на деца располага со високо едуциран кадар, и тоа: 3 Доктори на науки (психолошки науки, социјална работа и социјална политика и логопедија) |
1 Mагистер (по мир и развој) |
2 Специјалисти (психијатар и педијатар) |
1 Специјалист по клиничка психологија |
2 Дипл.психолози |
1 Дипл.дефектолог-логопед |
2 Мед.сестри-ЕЕГ техничари |