Неврохирургија
Неврохирургија
Историја
Почетоците на неврохирургија датираат од пред триесеттина години, кога како специјалист започна да работи д-р.Симеончо Давков во состав на службата на општа хирургија.
По извесен период започна да работи и втор специјалист, д-р.Љупчо Лазаревски. Во 2005 година, со нова систематизација на Битолската болница, беше оформенa посебнa Служба за неврохирургија.
Високо едуциран кадар
Службата започна да функционира со началник д-р.Симеончо Давков, лекар на специјализација д-р.Николче Ангелевски и главната сестра инстументарка Ивона Павловска. Оттогаш па натаму службата е одделена од хирургија со посебни простории, оделение, амбуланта и операциона сала.
Во 2007 година, на тимот се приклучи и медицинската сестра инструментарка Ристенка Алтипармаковска. Во текот на работењето во службата се приклучија и други специјалисти и тоа д-р.Љупчо Татарчев , д-р.Владимир Рендевски и мед.сестра Валентина Ангеловска.
Понатаму службата се проширува со лекар по општа медицина д-р.Катерина Јолевска, мед.сестра инструментарка Снежана Крстевска, мед.сестра инструментарка Офелија Бејковска, мед.сестра Каролина Павловска, мед.сестра Наташа Коњановска Велевска, мед.сестра Маја Митев. Или вкупно:
2 Специјалисти |
1 Лекар од општа пракса |
7 Медицински сестри со ВСС |
Основна дејност
Службата извршува одделенски третмани, неврохирушки интервенции и амбулантски прегледи.