Пнеумофтизиологија

Пнеумофтизиологија


Пнеумофтизиологија


Историја

Зачетоците на службата датираат уште од времето меѓу двете светски војни. Оваа служба почнува да работи веднаш по ослободувањето. Се формира диспанзер и стационар, сместени во старата болница во центарот на Битола. За прв шеф на диспанзерот бил поставен д-р М. Попов, еден од пионерите за борба против туберкулозата во овој град.
Поради големиот број на болни од ТБЦ, не само во градот туку и во околината, со указ на Министерството за народно здравје на тогашната Н.Р. Македонија во 1951 година беше формирана Специјална болница за туберкулоза. Таа беше сместена во зградата на старата турска болница.
Поради инциденцата на коскената туберколоза се оформило и Одделение за остеоартикуларна туберкулоза со капацитет од 40 кревети. Специјалната болница располагала со лабораторија за бактериолошки, хематолошки и биохемиски испитувања. Располагала и со рентген кабинет со графоскоп-томограф.
Од 1969 година се вршат бронхоскопии и бронхографии со ригиден бронхоскоп.
Основач и организатор на оваа специјална болница бил примариус д-р Ѓорги Поп Андонов. Во оваа болница, исто така, се изведувала едукација на речиси половина од пнеумофтизиолозите од Република Македонија.
Со намалувањето на болни од туберколоза, како и со зголемувањето на бројот на неспецифични белодробни заболувања, дошло до структурални и формални измени. Така, Службата за белодробна туберколоза прераснала во Пнеумофтизиолошка служба и се вклопила во организационата поставеност на медицинскиот центар “Д-р Трифун Пановски” - Битола.
Во 1971 година службата доби нов објект, зголемен лекарски кадар и одвоено сместување на специфични од неспецифични белодробни болни.
Во 1985 година се организира и почнува да работи Бронхолошки кабинет со флексибилен бронхоскоп.


Организациона поставеност

Според сегашната организациона поставеност, во рамките на Одделението за пнеумофтизиологија работат:

  1. Диспанзер за градни болести – специјалистичко консултативна амбуланта со рентген кабинет, оддел за инхалации и патронажна дејност, сместен во Здравствениот дом Битола.
    Сега во Здравствениот дом работат:
  2. 1
    Специјалист пнеумофтизиолог
    3
    Медицински сестри
    2
    Рентген техничари

  3. Стационар за пнеумофтизиологија во рамките на Клиничката болница - Битола со:
    • Оддел за неспецифични белодробни заболувања
    • Оддел за специфични белодробни заболувања
    • Рентген кабинет
    • Бронхолошки кабинет
    • Кабинет за спирометрија
    • Кабинет за алергологија
    • Микробиолошка лабораторија
    На одделението сега работат:
    5
    Специјалисти пнеумофтизиолози
    12
    Медицински сестри
    2
    Рентген техничари


Регионален пулмолошки центар

Со одлука на Министерството за здравство на Република Македонија, одделот прераснува во Регионален пулмолошки центар. Со таа цел претходно е извршено опремување со нова апаратура и тоа: бронхоскоп со видеонадзор, ЕХО апарат и апарат за ацидобазен статус, и со цел да се даваат услуги од областа на пулмологијата на пациенти од целиот Југозападен регион на Македонија.
Микробиолошката лабораторија сега работи со 2 микробиолози и 2 лаборанти. Одсекогаш на одделението се работела специфична бактериологија каде работеле часни сестри, се работеле дирекни препарати и култури за туберкулоза.
Во 2001 година за прв пат се воведува специјализација микробиологија и тоа на д-р Снежана Спировска која го продолжи развојот на специфична бактериологија и ја разработи општата и клиничката микробиологија за респираторен систем. Воведени се пнеумослајдови, серолошка алергологија од 2005 година па наваму, кога и самата болница прерасна во Клиничка болница.


Високо едуциран кадар

Одделението за пнеумофтизиологија моментално располага со следниот стручен персонал:

6
Д-р специјалисти пнеумофтизиолози (од нив еден примариус)
2
Д-р специјалисти микробиолози
13
Медицински сестри
(1 со ВСС и 12 со ССС)
4
Лаборанти
(2 со ВСС - лабораториски аналитичари, 1 со ССС и 1 со биотехнолошки факултет)
4
Рентген техничари
(2 со ВСС и 2 со ССС)
5
хигиеничари