Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот TELEHEARTGUARD добиен од програмата IPA CBC programming Greece- Republic of North Macedonia 2021-2027, програма за меѓу гранична соработка со Република Грција финансиран од ЕU.
Целта на проектот е да се подобри еднаквиот пристап до здравствена заштита фокусиран на подобрување на управувањето со срцевите заболувања, намалување на трошоците за здравствениот систем и промовирање на грижата базирана на екосистем од страна на давателите на здравствени услуги.
Проектот се однесува на:
_Рано отпуштање на пациенти со низок ризик од акутен кардиоваскуларен синдром (како што предлагаат упатствата на Европското здружение за кардиологија) со добро дефинирана постапка за далечинско следење по отпуштањето на пациентите од болница.
-Привлекување на научници во програмската област
-Соработка и размена на знаење меѓу земјите
Четирите клиники партнери во проектот ќе добијат надградена опрема за кардиоваскуларен мониторинг и една унифицирана платформа за податоци за пациенти која интегрира податоци од носиви уреди обезбедувајќи им на здравствените работници пристап во реално време до информациите за пациентите за следење на пациентите во и надвор од болницата.
Нови заеднички протоколи и 10 лица медицински персонал обучени за „е-здравствени услуги“ и „проценка на протоколи“.
Конкретно,Клиничката болница Битола ќе добие најсовремен апарат за ехокардиографија,амбулантно возило комплетно опремено со опрема за транспорт на кардиоваскуларни пациенти и електронски уреди за следење на пациентите со КВЗ.
На 21.10.2025 во Солун беше одржан првичен состанок на партнерите
Општа болница Папагеоргиу Солун како водечки партнер
Општа болница Папаниколау Солун
Клиничка болница Битола
Општа болница Струмица
заедно со представници од Заедничкиот секретаријат лоциран во Солун,каде што беа дадени насоки за успешна имплементација на проектот.
Од нашата болница учествуваше интерниот проектен тим заедно со Директорката Др.Ненси Лозанче.









