Вести

Термини за август: Онколозите од Скопје продолжуваат со прегледи во Битола 

Онколошкото одделение при Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола од неодамна започна со редовни прегледи на онколози од Скопје, што значително ја олеснува медицинската грижа за пациентите во Битола и регионот.
Во рамки на договорена соработка, овие прегледи се реализираат директно во Битола, наместо пациентите да патуваат во главниот град.

Следни термини на присутни онколошки специјалисти:

1 август – Ас. др. Марина Иљоска
8 август – Проф. др. Виолета Клисаровска
15 август – Доц. др. Ненад Митрески
22 август – М-р др. Мери Пешевска

Онколозите од Скопје ќе прегледуваат во Битола секој петок — во рамките на иницијатива за поголема достапност на здравствените услуги со цел обезбедување квалитетна и локална грижа за пациентите.

Сподели:

Клучни зборови: