Инфективни болести
Инфективни болести
Историја
Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби потекнува од Заразното одделение формирано во 1945 година, но се до 1958 година болните од заразни болести биле лекувани од страна на општи лекари, педијатри и интернисти. Со доаѓањето на првиот инфектолог во Битола и воопшто во Македонија, д-р Владимир Туџаров, се формира заразното одделение како посебна организациона единица. Со доаѓањето и на други специјалисти се започнува со лекување на тогаш актуелните заразни болести како дифтерија, дизентерија, тифус, вирусен хепатит А, неуроинфекции и други заразни болести.
Организациoна поставеност
Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби, по својата организациона поставеност, е поделено на:
- Стационар со:
- Оддел за цревни инфекции
- Оддел за вирусни хепатити
- Оддел за неуроинфекции и антропозоонози
- Оддел за еруптивни трески и респираторни инфекции
- Оддел за пролонгирани фебрилни состојби
- Дневна болница
- Специјалистичка амбуланта
- Кабинет за ехотомографска дијагностика (со тројца специјалисти едуцирани за ехотомографски преглед на абдомен)
Високо едуциран кадар
Денес во Одделението за инфективни болести и фебрилни состојби работат 7 специјалисти инфектолози. Одделението располага со 45 кревети за стационарно болни и 15 кревети за пациенти во дневната болница.
Третмат на инфективни болести
Денес во инфективната патологија доминираат и класичните заразни заболувања како варичела, стрептококни инфекции и паротит. Но, со развојот на медицинската технологија се откриваат и доминираат во секојдневната патологија вирусните инфекции како хроничниот хепатитис Б и Ц, новите подтипови на грипот со сите можни компликации, инфективната мононуклеоза, рикециозите и други.
Одделението успешно се справува со т.н. нови инфективни болести, затоа што има и централен довод на кислород и можности за спроведување на специфична антивирусна терапија.
Располага и со соба за карантин во случај на појава на карантински заболувања.
Превенција на епидемии
Согласно позитивните законски прописи одделението има одлична соработка и со Санитарната инспекција и Центарот за управување со кризи, со цел да се превентира евентуална појава од епидемии.