ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
Во интерес на пациентите кои што се лекуваат во Клиничката болница Битола посетите се регулирани со посебен режим.
Доколку ваш близок е пациент во Клиничката болница Битола Вие имате право на посета.
Како посетител вие сте должни да го почитувате Куќниот ред на Клиничката болница Битола.
Воедно, должни сте да ги почитувате и правата на пациентите и здравствените работници, со кои подетално можете да се запознаете тука.
На тој начин придонесувате за побрзо, полесно и поефикасно опоравување на нашите пациенти и помагате во обезбедувањето на услови кои што потребни за секој пациент да добие квалитетна здравствена нега.
ВРЕМЕ НА ПОСЕТА
Посетите на пациентите се овозможени во определени термини:
Понеделник - Сабота: 15-17 часот
Недела: слободно
ПАРКИРАЊЕ
За сите кои што во Клиничката болница Битола доаѓаат со возило овозможено е паркирање во кругот на болницата. Паркирањето е регулирано со посебен режим.
Паркирањето во траење до 2 часа се наплаќа 30 денари.
По завршување на вашите активности, наплатата за паркирањето се врши на излезот од паркинг просторот на болницата.
ЛОКАЦИЈА
Клиничката болница Битола е лоцирана на улицата „Асном“ б.б. во Битола.
За подетални инструкции како да стигнете до болницата, погледнете ја следната мапа:
Контактирајте нѐ
Доколку имате потреба од дополнителни информации, Ве молиме, контактирајте нѐ