Ортопедија и трауматологија

Ортопедија и трауматологија


Ортопедија и трауматологија


Историја

Службата е формирана во 1959 година, како Оддел за остеоартикуларна туберкулоза во состав на Специјалната болницата за белодробна туберкулоза во Битола, само со 32 кревети. Во ова одделение исклучиво се вршело третман на остеоартикуларна туберкулоза, која во тоа време владеела, а подоцна почнале да се третираат и конгениталните луксации на колкот. Одделот го формира д-р Папазоглу, кој работел се до 1962 година, кога заминал во Белград. По него, хонорарно работел д-р Палмаревиќ од Охрид.

За време на земјотресот во Скопје во 1963 година, во просториите на поранешното одделение доаѓааат кадри од Ортопедската скопска клиника, кои се задржале речиси една година. Понатаму одделението работело со специјалисти кои хонорарно ја изведувале работата. Тоа биле проф. Кепески, проф.Серафимов, доц.Ралев, д-р Баланжевски и д-р Радовановиќ.

Цело време на одделот како секундарци работеле д-р Вангел Поповски и д-р Томислав Зиновски. Одделението почнало да се проширува, така што се отворило Детско ортопедско одделение за постлуксациони остеохондрити со 35 кревети. Во октомври 1967 година Одделението го добива и првиот специјалист д-р Ѓорѓи Шафкуловски.

Првата операциона сала е отворена на 23 јануари 1968 година. Првично, се вршеле само чисто ортопедски операции, но по една година и трауматолошки.

Од 1969 до 1983 година доаѓаат уште тројца доктори специјалисти: д-р Волнаровски, д-р Стојанов и д-р Јанков. Од 1984 до 1993 во службата доаѓаат и: д-р Обедниковски, д-р Велков, д-р Неделков, д-р Георгиевски и д-р Џолонга. Од 2000 до 2005 година се приклучуваат: д-р Стојковски, д-р Јанчевска, д-р Видевска и д-р Несторовски. Во 2014 година д-р Обедниковски доаѓа како специјалист, додека во 2016 година д-р Пупуновски доаѓа како секундарец.


Високо едуциран кадар

Денес, Службата за ортопедска хирургија и трауматологија има 45 вработени, при што располага со високо едуциран кадар, и тоа:

10
Лекари специјалисти
(од кои 2 примариуси)
1
Сeкундарец
14
Мед.сестри
( од кои 3 со ВСС, 10 со ССС и 1 техничар гипсер)
2
Физиотерапевти со ВСС
2
Рентген техничари со ВСС
8
Инструментарки
(од кои 2 со ВСС)
5
Болничари
1
Болничар гипсер
1
Сервирка