Педијатрија

Педијатрија


Педијатрија


Историја

Развојниот пат на здравствената заштита на децата во Битола и битолско е долг и комплексен. Првите податоци од стационарно лекување на децата датираат од средината на 20-тиот век со формирањето на Првата Окружна болница, во која што имало и соба за деца со 6 кревети. Првиот доктор специјалист педијатар бил Сотир Атанасковиќ од Крушево. Периодот по Втората светска војна е исклучително тежок, бидејќи бројот на лекари и друг помошен персонал бил недоволен. Имало недостаток од лекарства, како и висока смртност која била последица на потхранетост, респираторни и инфективни заболувања. 1946 година е значајна заради основањето на Детски диспанзер на чело со специјалист педијатар д-р Боро Варон. Со тоа, за прв пат во историјата на медицината во Битола е формирано Детско одделение.


Современа педијатрија

Основата на современата педијатрија во Битола е поставена од д-р Христо Дума во текот на 1951 година, а потоа и од вториот специјалист педијатар д-р Димитар Вангелов. Во наредните години детското одделение при болницата во Битола се проширува. Се зголемува бројот на болнички кревети. Додека пак во 60-тите години настапува најважната етапа во која поголем број на лекари од Битола одат на специјализација од доменот на педијатријата. Овој период го карактеризира обединувањето на превентивната и куративната педијатрија, како и современата заштита на децата во поглед на исхрана, нега и превенција од рахитис, анемии и рано откривање на аномалии и деформитети. Почетокот на 21-ви век е период на дезинтеграција на битолската Болница од Здравствениот дом Битола, кога Детското одделение самостојно го продолжува својот развоен пат.


Високо едуциран кадар

Здравствената заштита, негата и лекувањето се на високо ниво кое го обезбедува исклучително образован кадар на лекари-педијатри, едуцирани по одредени патологии, не само во Македонија, туку и надвор од земјата. Паралелно, спроведена е едукација, како и дошколување на средно медицинскиот персонал со завршување на виша односно висока медицинска школа. Детското одделение има големи достигнување во јакнење на својата организациона структура, набавка на модерна опрема и субспецијалистичка ориентација. Лекарите- специјалисти активно учествуваат со свои стручно- научни трудови на научни состаноци и конгреси.
Детското одделение е кадровски екипирано со:

5
Лекари специјалисти- педијатри
(од нив 1 примариус и 1 доктор на науки)
3
Лекари на специјализација
1
Психолог
3
Медицински сестри со висока медицинска школа
12
Медицински сестри со ССС
4
Вработени - помошен персонал

Дијагностика

Дијагностиката е проширена и збогатена со ехосонографисти од доменот на невролошка, кардиолошка, нефролошка и абдоминална патологија, спирометрија при респираторните заболувања, како и алерголошки тестови на нутритивни алергени како дополнување на веќе постоечките инхалаторни тестирања.


Полуинтензивна нега

Формирана е Соба за полуинтензивна нега со 24 часовен мониторинг на виталните функции на детето, како и простор за лекување на деца во дневната болница.