Радиологија

Радиологија


Радиологија


Историја

Почетоците на рентгенската дијагностика во Битола датираат од 1908 година кога во една од зградите на тогашната Турската Воена Болница беше отворено Одделение за рентгенски зраци.

За цивилното население од градот оваа дијагностика беше достапна во текот на 1927 година.

По ослободувањето, Општата Болница Битола, како донација доби УНРА полуталасен рентген апарат Пикер, кој беше монтиран во приземјето на хируршкoто одделение. Со него работеше д-р. Ѓорги Кљука, радиолог од Нови Сад.

Во 1953 година од специјализација се врати првиот битолски специјалист-радиолог д-р.Леви. Тогаш е набавен и Сименсов четвртвентилен Ро апарат. Со тоа практично се формира Радиолошкото одделение.

Голем напредок и развој одделението доживува со преместувањето во новата болница, при што одделението добива наменски простории и нова рентген апаратура. Со ова, одделените станува едно од најопремените во Македонија.

Паралелно со зголемувањето на стручниот специјалистички и субспецијалистички кадар се зголемува и опремата за службата. Така, првично е набавен апарат за компјутеризирана томографија, кој е монослајсен. Истиот беше пуштен во употреба во 1996 година.


Современа опрема

Одделението за радиологија располага со современа опрема и тоа:

  • Апарат за комјутеризирана томографија - 64 слајсен,
  • Апарат за магнетна резонанца 1.5 Тесла,
  • Дигиталан рентген апарат,
  • Мамограф и
  • Други апарати.


Високо едуциран кадар

Службата за радиодијагностика располага со високо едуциран кадар, и тоа:

6
Доктори
( од кои 5 специјалисти по
радиодијагностика и 1 субспецијалист
по неврорадиологија)
2
Лекари на специјализација
14
Радилошки технолози
4
Медицински сестри
2
Хигиеничарки