
Денес во Клиничка болница - Битола им посакавме топло добредојде на нашите нови десет колеги – приватните специјализанти кои по успешно завршениот конкурс сега стануваат дел од нашиот тим!
Младите лекари на кои Владата им даде вистинска шанса да ја започнат својата професионална кариера дома – во служба на здравјето на граѓаните имаа средба со директорката др. Ненси Лозанче.
Ова е уште еден чекор кон зајакнување на јавниот здравствен систем и кон обезбедување поквалитетна и подостапна здравствена услуга за сите.
Клиничка болница - Битола активно работи на тоа да ги задржи младите кадри и да создаде услови во кои тие ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе останат да ги лекуваат нашите граѓани тука, во својот град и татковина.