Преку европски проект до осовременување на Одделот за Интервентна кардиологија во Битолската клиничка болница. Клиничка болница Битола е партнер имплементатор и бенефитор во проектот „Телемониторинг на срцето по акутен коронарен синдром“.
Проектот е дел од програмата “ Interreg IPA Greece North Macedonia 2021-2027 “ програма за меѓугранична соработка финансирана од ЕУ.
Проектот официјално започна на 27.08.2025 и ќе трае 18 месеци со можност за продолжување.
Водечки партнер е болницата “Папагеоргиу” од Солун, Грција, а партнери се уште болницата “Папаниколау” од Солун, Грција и Општата болница Струмица.
Вредноста на целиот проект е 1.051.464 Евра, а за Клиничката болница Битола доделени се средства во износ од 229.904 евра. Досега е набавен најсовремен ехокардиограф и 7 WI-FI алки со централа мониторинг станица, а ќе се набави уште амбулантно возило комплетно опремено транспорт на пациенти со кардиоваскуларни заболувања како и 3 безоловни кецели за потребите на Одделението за Интервентна кардиологија.
Главната цел на проектот е да се подобри еднаквиот пристап до здравствената заштита фокусиран на подобрување на управувањето со срцевите заболувања, притоа намалувајќи ги трошоците за здравствени системи и промовирајќи ја грижата базирана на екосистем кај давателите на здравствени услуги.









