
Завршна сметка за 2022 година
21 март 2023
Службата за урологија, како самостојна единица при Медицинскиот центар, своите почетоци ги прави на први јануари 1985 година, кога се здоби со посебен персонал и свои простории со 15 болнички легла во рамките на машкиот тракт на Одделението за хирургија.
Основач на современата урологија во Битола е проф.д-р.сци.мед. Петар Илиевски. Периодот на неговото доаѓање во 1976 година може да се означи како почетокот на Урологијата како посебна гранка. Под негово водство службата е прва во Република Македонија која воведе транс-уретрална ресекција на простата, мочен меур, уретра, како и прва во земјата која набави опрема за ултра звучна нефролитотрипсија и уретеролитотрипсија. Во тоа време службата соработуваше со сите поголеми уролошки клиники, и тоа во Скопје, но и надвор од земјата односно во Белград, Загреб, Љубљана, Лос Анџелес, Сан Франциско, Штудгарт и Минхен.
Илиевски, во 1997 година заминува на функција Министер за здравство на Република Македонија, но успешното работеше на службата го продолжуваат неговите колеги, врвни стручњаци во оваа област: д-р Радослав Наковски, од 2014 година доктор во пензија. Тој е автор на бројни колумни, учесник на многубројни работилници, семинари и меѓународни конгреси, како и добитник на многу награди, меѓу кои и плакетата “Свети Наум Охридски” во 2014 година. Тоа е признание за трудот што го вложувал во кариерата како лекар и уролог во текот на цели 37 години. Член е на Македонското здружение на неуролози и на Светското уролошко здружение. Бил дел од тимот кој во рутинска практика ги воведува уролошките едноскопски методи како ТУРП, везикална ендоурологија и утерореноскопија.
Во рамките на истиот тим е и д-р Трајко Батанџиевски, кој доаѓа како специјалист уролог од Република Србија од почетокот на службата и раководи со неа во периодот од 1997 до 2006 година и од 2010 до 2013 година.
Потоа, д-р.сци.мед. Виктор Јанковски, врвен оператор, професор по хирургија во средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи”-Битола, професор на Високата медицинска школа во Битола и професор на Ветеринарниот факултет во Битола. Автор е на многубројни трудови и публикации, како и на универзитетски учебници од областа на хирургијата. Неговата смрт беше голема загуба, како за самата служба, така и за урологијата како наука.
Во изминатите години службата изгуби многу од својот стручен кадар, прекрасни луѓе, врвни дијагностичари и професионалци во својата работа, д-р Павле Крстев, д-р Стефан Јовановски, раководител на службата од 1997 до 2006 година и д-р Коста Дога, сите специјалисти уролози.
Службата за Урологија се занимава со оперативно лекување на заболувања на бубрег, надбубрег, уретер, ретроперитонеум, бешика, простата, машки полови органи, како и со гинeколошка урологија. Организира и предавања за рано откривање и лекување на малигните заболувања.
Од 2011 година во оваа служба функционира и апаратот за ESWL (екстракорпорална литотрипсија). Апаратот го донираше Mинистерството за здравство на Република Македонија и со истиот успешно се решаваат калкулозите во бубрег, уретер и мочен меур.
Натамошна задача на службата е и понатаму да ја осовременува опремата, посебно со воведување на лапароскопија и нови хируршки процедури во терапеутскиот дијапазон.
По својата организационата структура Службата за уролошки заболувања располага со:
Денес, Службата за уролошки заболувања располага со високо едуциран кадар и тоа:
4 Лекари – специјалисти уролози |
3 Медицински сестри со ВМШ |
13 Медицински сестри со ССС (од кои 5 медицински сестри инструментарки) |
3 Болничари- одржувачи на хигиена |