Дерматовенерологија

Дерматовенерологија


Дерматовенерологија


Историја

Државна амбуланта за лекување на кожно-венерични заболувања во Битола постои уште од 1925 год. Амбулантата работи до 1941 година, а потоа функционира во отежнати услови во време на окупацијата.
Во 1958 година Кожната амбулатна, која беше сместена во Домот за народно здравје, работеше два пати неделно со хонорарен лекар специјалист, кој доаѓаше од Прилеп. Венеричната амбуланта пак работеше секојдневно со лекар од Битола. Во 1966 година Кожната амбуланта ја водеше специјалист од Прилеп, прим.д-р Спиридон Џамбазовски, додека Венеричната амбуланта од 1958 година ја водеше д-р Петар Димитров, кој беше раководител на службата од 1972 до 1989 година. Хоспитализација на болните се вршеше во Прилеп.
Во 1968 година се формирал и континуирано работел комплетен Диспанзер за кожно венерични заболувања, откако со работа започнал спец.дермато-венеролог д-р Ставро Османли, кој бил раководител на службата од 1989 до 1996 година. Во 1972 година отворен е Стационар за лекување на кожно- венерични заболувања, сместен во просториите на новата болница, со капацитет од 18 болнички кревети.
Истата година е затварен стационарот во Прилеп. Оттука, Битола станала втор град во Македонија со сопствен стационар. Тука се хоспитализираа болните од Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Кичево и Крушево, односно од целиот Југо-западен регион од Република Македонија.
Во 1983 година службата се здобила со уште еден специјалист, прим.д-р. Мирко Литовски, кој бил раководител на Службата од 1996-2009 година. Во 1984 година се приклучува и спец.д-р. Натка Гроздановска, со што се комплетира стационарното и диспанзерско лекување. Во 1989 година со работа започнува и спец.д-р Горка Мирчевска (раководител на службата од 2015 година), во 1991 д-р Нина Стефановска (раководител на службата од 2009-2015), како и д-р Евдокија Коцева, која по кратко време заминува во приватното здравство. Во 2000-та година како специјалисти доаѓаат д-р. Дијана Ѓоргиевска и д-р. Јелка Ѓорѓиевска.
Со проект на Министерството за здравство на Република Македонија за вработувања од приватното во јавното здравство, во 2013 година се вработуваат како лекари специјалисти д-р. Фани Нашокова и д-р. Александра Торкова- Танасковска.


Организациона поставеност

По својата организациона поставеност, Службата за кожно-венерични заболувања вклучува:

  • Амбуланта за кожни заболувања
  • Амбуланта за венерични заболувања
  • Амбуланта за кожно- физикална терапија (криотерапија, електрокаутеризација)
  • Амбуланта за дермато- онкологија (дермоскопија)
  • Амбуланта за дермо - козметика
  • Оддел за кожни болести
  • Оддел за актино терапија (УВБ)
  • Превијалиште (обработка на рани и преврски и топична терапија на хоспитализираните болни)


Високо едуциран кадар

Во Службата за кожно-венерични заболувања работат:

5
Лекари специјалисти
2
Медицински сестри со високо образование
5
Медицински сестри со ССС
1
Вработен - Помошен медицински персонал