Донации

Со помош на донации реновирани се дневната болница, амбулантата и санитарните јазли во детското одделение при Клиничката болница Битола.

Со помош на донации реновирани се дневната болница, амбулантата и санитарните јазли во детското одделение при Клиничката болница Битола.

Донаторите и менаџерскиот тим на болницата на заеднички настан истакнаа дека целта на ваквиот зафат е да се обезбедат подобри услови за децата пациенти кои користат медицински услуги на детското одделение. ,,Дневната болница ја користат децата кои примаат терапија и си одат, не се хоспитализирани. Дневната болница има капацитет од пет креветчиња кои постојано се полнат и празнат. Во првиот дел имаме инхалатори, аспиратори, ЕКГ. Надворешно кога ќе дојдат пациентите немаат контакт со лежечките пациенти, десно влегуваат за дневна болница, лево е амбулантата.,,-вели Ленче Петровска, главна сестра на Детско одделение при Клиничка болница Битола.


Таа појасни дека донацијата се состои од плочки, под и санитарни јазли. ,, Ова се донации за подобрување на условите во Детското одделение. Фирмата ‘Бобфант’ изврши реконструкција на цела дневна болница заедно со тоалетот. Потоа, Ротари клубот ‘Широк Сокак’ го реновира санитарниот чвор, односно два тоалети и две капатила. Донации доаѓаат од секаде, имаме други фирми кои сакаат да помогнат. Сето ова е за подобрување на условите на Детско одделение и најмногу за нашите пациентчиња. Најголема багодарност до менаџерскиот тим на болницата и техничката служба кои цело време беа логистика и на персоналот од одделението кое цело време несебично помагаше во цел ангажман.,,-вели Петровска.
Ќе има уште и нова врата, кадички за децата, нова кујна, ќе се изведуваат зафати и на ходникот, при што сите ресурси за ваквите реновирања се обезбедени по пат на донации кои се најавени.
За реконструкцијата на детското одделение во битолската болница со донации помогна и Ротари клубот Широк Сокак. Менде Стојчевски, претседател на Ротари клубот „Широк Сокак“ од Битола рече дека одлучиле да ги санираат санитарните чворови на Детското одделение откако ја согледале лошата состојба во која биле, а и по барање на вработените. ,,Согледувајќи ја лошата состојба на санитарните јазли во детското одделение по барање на персоналот, нашиот клуб пристапи кон нивна санација. Извршена е комплетна реконструкција, старите плочки се заменети со нови, влезните врати се променети. Овој проект не е наш прв проект во детското одделение, сме имале и други проекти изминатите години и ќе продолжиме со помош и поддршка за Клиничката болница во Битола.,,-вели Стојчевски.
Во реконструкцијата на дневната болница беше вклучен и Фондот за разубавување на Битола кој го финансираше поставувањето на нови плочки, под, санитарија, бојадисување на ѕидовите и вратите, како и нови детски тапети. ,,Фондот за разубавување на Битола „Beutification of Bitola Fund“ е иницијатива на фирмата „Cadonia“ и во соработка со Клиничката  болница решивме да се вклучиме во реновирањето на дневната болница во детското одделение. Фондот работи нецела година и е иницијатива на компанијата „Cadonia“ која има канцеларии во Сиднеј и во Битола. Одлуката е тука да се формира фонд за да дадеме придонес за поубава Битола. Ова ќе потегне и многу други иницијативи за вакви слични акции.,,- изјави Елена Стојановска, извршен асистент во компанијата.

 

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка, болница, битола, детско, оддееление, донации