Вести

Местоположбата, улогата и големото значење на нашата Клиничка болница Битола како и Оддел  за гинекологија и акушерство, здравјето на нашите најмали - децата, целовкупниот здравствен систем во Битола и поширокиот регион, опремата која се користи од персоналот и пациентите е од исклучителна важност таа постојано да се обновува т.е. осовременува.

Местоположбата, улогата и големото значење на нашата Клиничка болница Битола како и Оддел  за гинекологија и акушерство, здравјето на нашите најмали - децата, целовкупниот здравствен систем во Битола и поширокиот регион, опремата која се користи од персоналот и пациентите е од исклучителна важност таа постојано да се обновува т.е. осовременува. Од енормно значење е нашата Клиничка болница Битола посветено да работи на тоа да обезбеди кадар кој што ќе знае и ќе биде во тек со најсовремените медицински достигнувања со што понатаму ќе се обезбедуваат соодветни стандарди за третман и нега на пациентите.   За ваквото достигнување свој придонес во текот на изминатите месеци дадоа многубројни донатори - како физички така и приватни лица од Битола, но и од Шведска, лојални донатори и наши  партнери кон подобра понуда на здравствени услуги.       

Донираната опрема претставува неопходност за Оддел за Гинеколгија и акушерство за што сме благодарни и истата ќе биде искористена  со цел да се обезбедат подобри здравствени услуги кон нашите пациенти. Претставено преку бројка или индикатор за ефективноста на Одделот во 2023-та година, би изгледало: над 7500 прегледи на годишно ниво, 360 операции, 417 мали интервенции и 487 пороѓаи.           
Со оваа кампања за реконструкција и ревитализација овозможивме просторот за породување да биде оплеменет со пријатна атмосфера која ние како вработени сме должни да им ја овозможиме на родилките и бебињата. Секое породување го водиме индивидуално и истото зависи од соодветната подготовка. Бенефитот од подготовката за породување и поддржувањето на природниот породилен процес овозможуваат подобар почеток  и развој на детето, ја зајакнуваат врската мајка-дете-татко, и ги стимулира родителите да обрнат внимание и да го негуваат личното и семејното здравје.          
Во прилог е видео со изјави од страна на Директорката Елизабета Ивановска, Раководителката на Оддел за гинекологија и акушерство -  Прим.Др.Елизабета Чипуровска и Марија Росенгрен од Шведска

Донаторска приказна со мошне убав завршеток и нов почеток за сите мајки родилки кои ќе одлучат да ги донесат на свет своите најмили токму во нашата клиника за гинекологија и акушерство.

 

Сподели:

Клучни зборови: Ревитализиран Оддел за гинекологија и акушерство