Донации

Раководство на АМД Ѓори Наумов –Битола со континуирана поддршка на Клиничка болница др. Трифун Пановски – Битола

Раководство на АМД Ѓори Наумов –Битола со континуирана поддршка на Клиничка болница др. Трифун Пановски – Битола

Пандемијата со COVID 19 која ја зафати и нашата земја донесе потреба, уште во почетокотот на месец април, за зголемување на капацитетот и функционалноста на инфективното одделение и одделот за пнеумофтизиологија во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Новиот начин на работа и лекување на ваквите пациенти бараше санација, адаптација и опремување на просторот за да може да одговорат на новонастанатите потреби.

Имајќи го во предвид ограничениот буџет на Клиничка болница Битола, како и важноста целокупната работа да биде направена во најкраток временски период, раководството на АМД Ѓорѓи Наумов - Битола искажа искрена желба да помогне што поуспешно да се справиме во надминувањето на состојбата. Како фирма која секогаш знаела да ја даде својата поддршка на заедницата, а особено кон нашата болница, донесе одлука за доделување на средства во износ од 1.000.000 денари наменети за санација на просторот и друга техничка поддршка, како и купување на следната опрема:

  1. 2 (два) BISTOS-BT770 Мултипараметарски пациент монитори BT 770
  2. 10 KM-SPO2 Пулсоксиметар и 10 MED-SPO2 Пулсоксиметар - MySpO2
  3. 10 Дозни автоматски - надзидни за двостепен приклучок на О2 со содветен стандард
  4. 20 Назални маски за О2 за возрасни и деца
  5. 20 Целосни маски за О2 за возрасни и деца
  6. 5 Регулатори за кислород и овлажнувач на воздух со флоуметар

Раководството на Клиничка болница Битола ѝм се заблагодарува за нивната несебична подршка во овие тешки времиња, како за здравствените работници, така и за целата заедница.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, АМД Ѓорѓи Наумов - Битола