Денеска свечено беа отворени реновираните простории на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) како дел од Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, организирано и помогнато од страна на Големата Ложа на Македонија.
Свои обраќања имаа д-р Александар Обедниковски – директор на Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Марјан Бојаџиев – Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија и д-р Беким Сали – министер за здравство на Р.С. Македонија.
Големата Ложа на Македонија е суверена масонска ложа. Таа е единствена масонска организација која е призната од „мајката” на светската масонерија, Обединетата Голема Ложа на Англија (United Grand Lodge of England – UGLE)
Уште повеќе, светлото во Големата Ложа на Македонија го внесе токму УГЛЕ на 30 септември 2005 година. Тоа беше прво внесување на светлина од страна на УГЛЕ после 100 години.
Денес во Северна Македонија работат вкупно 220 браќа организирани во 8 ложи, од кои една, Quatuor Coronati, се бави само со истражувања.
Со Големата Ложа на Македонија раководи нејзиниот петти Голем Мајстор, Марјан Бојаџиев.
Масонеријата се бави со ритуална работа и едуцирање и подобрување на своите членови, пред сé од аспект на моралните вредности.
Масонеријата е активна и во добродетелската работа.
Во последниве години, Големата Ложа на Македонија
– донираше материјали на Клиничкиот центар Скопје, на почетокот на Ковид пандемијата
– донираше на браќата од Хрватска погодени од земјотресот во Глина и Петриња
– донираше за потребите на народот во Украина
Сепак најголема донација на братството во време на Ковид 19 е донацијата за САРИЛ при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ од Битола.
Донацијата се спроведува скоро 2 години – кога отпочнаа активностите беа најстрогите антиковид мерки.
Се работеше во исклучитлно тешки услови во активен оддел со пациенти.
Донацијата која опфаќа црлосна реконструкција на одделот се спроведе во сораборка со Министерството за здравстви како и раководството на болницата.
Донациите во износ од 4,4 милиони денари ги обезбедија браќата – членови на Големата Ложа на Македонија.