Денес на 16.08.2023 година ЈЗУ Клиничка болница Битола додели благодарници на вработени кои се пензионирале од периодот мај - август од тековната 2023-та година.
Настанот беше соодветно одбележан во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Битола со присуство на директорката Др. Елизабета Ивановска, единаесет пензионери и останат персонал од ЈЗУ Клиничка болница Битола, а благодарниците за нивното посветено работење и долгогодишна служба на вработените кои се пензионирале во претходните месеци ги врачи директорката Др. Елизабета Ивановска.
Директорката во своето обраќање истакна дека Благодарниците се доделуваат во период од првото тромесечие од нејзиното функционирање како директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола и истата истакна дека движечка сила на сите досегашни успеси на болницата се пред сé вработените, кои во изминативе 40 и повеќе години посветено се вложија за општото здравје на граѓаните.
Др. Елизабета Ивановска им честита и се заблагодари на сите вработени, затоа што професионално, максимално и со сиот свој потенцијал се вложија себеси при справувањето со ковид кризата и им посака во добро здравје и долги години да го користат правото на пензија.
Во знак на признание за посветеноста при вршењето на должноста и даден придонес за успешната работа на ЈЗУ Клиничка болница Битола, директорката Др. Елизабета Ивановска додели Благодарници на 11 здравствени и администативни работници, и тоа:
Др. Михајло Џолонга - др. спец. ортопед
Др. Дениел Поповски - др. спец. патолог
Др. Никола Јованов - др. спец. хирирг
Др. Мери Ташковска - др. на медицина
Елизабета Божиновска - дипл. инжинер хемичар
Стерјовска Кофилка - мед. сестра
Славчо Спировски - општ работник
Виолета Христова - акушерка инструментарка
Менка Богојовска - мед. сестра
Горица Велевска - мед. сестра
Аница Степановска - мед. сестра