
И Јавното претпријатие ВОДОВОД од Битола се вклучи во борбата против ракот на дојка. Денес Директорот на ЈЗУ Клиничка Болница Битола Др.Зоран Лазаров и Директорот на Водовод Горан Козаров потпишаа договор за взаемна соработка, а веќе истата од Понеделник 11.11.2019 год .ќе почне да се реализира.Имено околу 50 жени вработени во Водовод ќе направат Скрининг на ЕХО и Мамографија се со цел да се влијае во превентивата на оваа лоша болест која ја зафаќа женската популација.