Во текот на вчерашниот ден 27-ми декември, при ЈЗУ Клиничка болница Битола беше предадена донација вовредностод 450.000 усд, од страна на Александар Бежановски и организацијата WORLD MEDICAL RELIEF преку посредникот Обединета Македонска Дијаспора и двете соседиште во Америка.
Донацијата претставува помош која г-дин Александар Бежановски веќе втора година по ред ја донира во здравствени институции во нашата држава и тоа во знак на благодарност за максималната пожртвуваност, посветеност и борбата на здравствените лица и вработените во здравството.
Донацијата се состои од: 2 стоматолошки столови, апарати за стерилизација и делови за апаратот за стерилизација, разновидни ортопедски помагала за движење на горни и долни екстремитети, патерици, разни видови на други ортопедски помагала, комплетни болнички кревети со душеци и масички за над кревет, транспортери за болница, колички за инвалиди, работни јакни, мантили и обувки, влечки за пациенти, хируршки и стерилни прекривки, апарати за мерење притисок, CO2 детектори, контејнери за отпад, хируршки униформи и наметки, визири, маски за лице, нараквици, цевки и системи за инфузија, катетри и слично, пенести потпирачи за глава, апарат за стерилизација и делови за апаратот за стерилизација и преостаната медицинска и не - медицинска заштитна опрема и инструменти.
На предавањето на донацијата присуствуваа Министерот за здравство Фатмир Меџити, Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска и претставникот на Обединета Македонска Дијаспора како посредник на оваа голема донација, а истите беа пречекани од директорката Др.Елизабета Ивановска и многубројни присутни и вработени при ЈЗУ Клиничка болница Битола.
Во изјава за медиуми, министерот Меџити изјави дека станува збор за опрема која се состои од разни инструменти и заштитна опрема, Зајакнувањето на јавните здравствени установи со нова медицинска и немедицинска опрема е еден од клучните приоритети на Министерството за здравство. Битолската болница е пример и за кадровско зајакнување, имајќи предвид дека до крајот на годинава се реализираат вкупно 34 нови вработувања на здравствени работници, администрација и помошно-технички персонал. Со тоа се зајакнува кадарот на болницата кој веќе се состои од 750 лица вработени на неопределено време. Упатувам искрена благодарност до невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора за поддршката и значајниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава.
Јавна благодарност до донаторот упати директорката на ЈЗУ Клиничка болница Битола, Др.ЕлизабетаИвановска која изјави:
"НЕМА ДА БИДЕМЕ ДОВОЛНО УСПЕШНИ ДОКОКУ НЕ ПОСТОЈАТ ДОНАЦИИ ОД ВАКОВ ВИД. Оваа донација е од големо значење и со истата ќе се подигне степенот и квалитетот на здравствените услуги и здравствената нега на пациентите од целиот регион. Додека ја извршуваме нашата хумана мисија во помош на сите пациенти на кои им сме потребни, не би можеле да бидеме успешни без безрезервната помош и донации од ваков вид. Оваа донација е една од поголемите кои ЈЗУ Клиничка болница Битола ги има добиено во последните години, и со неа ќе бидат опремени повеќе одделенија при нашата болница, а тоа ќе значи подобрени услови за работа на сите вработени но и пружање на полесна и поефикасна помош на пациентите од регионот. Би сакала да се заблагодарам на Министерството за здравство и на Министерот Фатмир Меџити за нивната поддршка при реализација на оваа донација.
Со поддршката од вистински и добри луѓе, и хумани донации како оваа навистина сѐ е возможно, бидејќи само така и само тогаш знаеме дека никогаш не сме сами!"
Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора, посочи дека за нив било предизвик да придонесат за подобрувањето и модернизирањето на здравствените установи. Нашата мисија, рече Јорданов е да ги оспособиме и осигураме медицинските установи за да може да ги услужат сите пациенти на кои им е потребна здравствена помош.
Благодарност до г-дин Александар Бежановски и организацијата WORLD MEDICAL RELIEF, Гордон Јорданов од ОМД, Министерот Фатмир Меџити за нивната соработка и безрезервна поддршка за ЈЗУ Клиничка болница Битола.
Во прилог галерија од фотографии направени при посетата на Министерот во одделенијата при ЈЗУ Клиничка болница Битола, каде истиот се запозна со опрема која е набавена во последните 6 месеци како и опремувањето и реконструкцијата на нови соби за пациенти од страна на директорката и менаџерскиот тим.