Вести

„Биди хуман“ под ова мото битолчанецот Васко Ковачевски ја започна кампањата за реконструкција на хирушкото одделение на Клиниката во Битола.

„Биди хуман“ под ова мото битолчанецот Васко Ковачевски ја започна кампањата за реконструкција на хирушкото одделение на Клиниката во Битола.

„Од денеска јас и моите најблиски, се вклучуваме со хуманитарна помош за реконструкција на одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола“ вели Ковачевски.

Откако им ја пренесе идејата на менаџментот на клиниката дека сака со свои лични средства да ја помогне реконструкцијата, сега на потег е болницата која треба да ја направи анализата за потребните материјали и средства за работа кои треба да се обезбедат, за од понеделник работите да почнат.

Досега имало повеќе донации на оваа клиника, најбројни биле тие од странство, најчесто на наши иселеници, а оваа е една од ретките каде тоа го прави битолчанец. Се надева дека ова ќе биде поттик и за други лица да се вклучат во вакви акции, со кои ќе се помогне на заедницата, особено за работи кои се од заеднички интерес за сите.

Инаку Ковачевски е поранешен советик во Советот на општина Битола, беше пратеник во Собранието, а сега актуелен директор во РЕК Битола.

Сподели:

Клучни зборови: Кампања за реконструкција на хируршкото оделение, Клиничка болница Битола