За потребите на Одделението за Анестезија, реанимација и интенизивна нега набавени се вкупно 6 нови професионални аспиратори за назална, орална и трахеална аспирација на телесни секрети (слуз) кај возрасни и деца. Двата вида на аспиратори претставуваат медицински уреди кои првенствено се користат за отстранување на секрети како слуз, плунка, крв од дишни патишта на пациентите. Истите се лесни за ракување и со можност за мобилност, контрола и следење на притисок на вшмукување. Намена наоѓаат во различни работни средини како што се, хируршки и акушерски сали, единици за интензивна нега за возрасни, педијатрија, неонатологија, болнички и амбулантски единици.
Првиот вид на апсиратор, претставува мобилна единица за вшмукување и аспирација на телесни течности кај возрасни или деца и е со моќна аспирација од макс 36l/min., опремен со двојни вакуум тегли за собирање на секрет со вакуум-метар (mmHg & kPa) и регулатор за вакуум и е поставен на држач со пет антистатички тркалца за лесен транспорт, прилагодлив за прицврстување на стандарден шински систем. Има две различни опции на функционирање: и тоа на AC/DC адаптер и батерија на полнење во случај на исклучување на струјно напојување. Истиот е обезбеден со визуелен индикатор кој што има можност да алармира ниско ниво на батерија. Овој вид на аспиратор ќе се користи при трахеотомизирани пациенти, хируршки интервенции и пост-оперативна терапија.
Другиот набавен аспиратор претставува статичен аспиратор со високи перформанси и неговата примена ќе биде покрај секој болнички кревет во единицата за интензивна нега. Кога станува збор за апсирација на телесни секрети секоја единица за интензивно лекување би сакала да може да се потпре на моќен и сигурен уред за аспирација. Овој аспиратор е токму тоа.
Со ова, директорката на Клиничка болница Битола Др. Елизабета Ивановска и раководителот на САРИЛ Др. Сотир Николовски уште еднаш покажаа дека остануваат на страната на пациентите во нивната борба кон подобро здравје и продолжуваат со поголем жар да придонесуваат за подобра благосостојба на пациентите од Битола и регионот.