Донации

На 2-ри март, 2022 г., во Битола, Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.

На 2-ри март, 2022 г., во Битола, Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.

Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од Градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, а учествуваа Н.Е. Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада заедно со директорот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, д-р Билјана Гагачовска, во Битола. 

Проектот за набавка на ултразвучен систем за Јавна здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола во вредност од 52.779 евра, има цел да го подобри квалитетот на здравствената нега за децата во регионот. Новиот ехо апарат ќе биде дониран на педијатрија во Клиничката болница во Битола и ќе овозможи навремено и прецизно дијагостицирање на децата од пелагонискиот и југозападниот регион, каде има недостаток на ваква нега. 

Oва е втор GGP грант за Клиничката болница во Битола, откако во 2013 година преку GGP програмата на болницата беше доделена нова медицинска опрема.

Преку грант програмата за мали проекти GGP Јапонија има финансирано и реновирано и обезбедено опрема за преку 70 училишта и градинки, 57 јавни здравствени институции и има обезбедено 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 општини. 

Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, континуирано во инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра како и друга нефинасиска помош.

Сподели:

Клучни зборови: Јапонија, Донација