Првото бебе во Клиничка болница Битола во 2022 година се роди неколку минути после полноќ, а се вика Алексеј. Мајката се породи по природен пат и заедно со Алексеј се во добра состојба. До утрото во битолската болница имаше уште две породувања на две девојчиња со што на 1-ви јануари се родени вкупно 3 новороденчиња.
Градоначалникот Коњановски им додели 10.000 денари за првороденото бебе, и по 6000 денари за останатите, како и пакет производи кои се неопходни за мајките во наредниот период