Сервисни информации

Во кругот на Клиничката болница Битола денеска беше стациониран Мобилниот инфо-хеп центар, во рамките на акцијата за бесплатни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ, во организација на Хепар Центарот Битола.

Во кругот на Клиничката болница Битола денеска беше стациониран Мобилниот инфо-хеп центар, во рамките на акцијата за бесплатни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ, во организација на Хепар Центарот Битола.

Возилото е опремено со најсовремена опрема за дијагностика. Странската делегација, која беше предводена од претседателката на Европското здружение за борба против болести на црниот дроб, ја пречека менаџерскиот тим на болницата предводен од директорот д-р Зоран Лазаров, а на настанот присуствуваа и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска.

Возилото е донација од Брисел, а е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб.,,Медицинското возило е современо опремено со најнова технологија. Работиме со локални доктори од локалните болници, а критичните пациенти се препраќаат на понатамошно лекување. Прегледите се безболни и траат неколку минути, но уште поважно е што овие прегледи ја заменуваат инвазивната биопсија на црниот дроб. Сето ова го правиме во склад со глобалната стратегија на Светската здравствена организација за елеминирање на вирусните хепатити до 2030 година.“-рече претседателката на Европското здружение за борба против болести на црниот дроб, Татјана Рајиќ.

Заменик-министерот Чакаровски  информираше дека е во тек изготвување сеопфатна стратегија за превенција од ова заболување, како и изработка на посебен регистар на лица заболени од вирусен хепатит. ,,Ќе вложиме многу во превенцијата, во едукација на населението и здравствените работници за да ги едуцираме за самозаштита од оваа болест. Исто така многу е важно да им објасниме каква се врши трансмисијата бидејќи секаде во светот превентивата е многу поевтина одошто лекувањето на оваа болест. Карциномот на хепар може да доведи до една потешка, посериозна состојба која во краен случај завршува и со трансплантација на хепар која не секогаш е успешна. Целта е Македонија до 2030 година да го исклучи хепатитот како болест на населението.,,- рече Чакаровски.

На настанот во болницата беше посочено дека мобилното возило во следните денови ќе врши превентивни прегледи во повеќе градови низ Македонија. Акцијата е дел од соработкатата со хрватско здружение за борба против болести на црн дроб. Покрај Битола, мобилната дијагностичка едициница, ќе врши бесплатни и безболни прегледи и во Тетово, Гостивар, Скопје како и во манастирот Свети Јован Бигорски, каде се сместени групи кои потенцијално имаат потреба од вакви прегледи. ,,На овој начин се врши скрининг на луѓето со проблеми на црниот дроб. Тоа е важна можност на македонските граѓани во краток период да им се даде поврзаност со здравствениот систем и да се утврди колку голем број на пациенти имаат потреба од забрзани процедури по однос на лекувањето. Времето на скрининг се намалува и до 50 проценти во однос на упатувањето на пациентите во понатамошното лекување.,,- рече Милан Мишковиќ од Хепар Центарот.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска истакна дека и општината ќе соработува во правец на намалување на ширењето на болестите на црниот дроб. ,,Ќе организираме активности посветени на младата популација и нивна едукација која ќе се организира во основните и средните училишта. Ќе помогнеме и во граѓанскиот сектор за да ги превенираме сите потенцијални можности од заболување со хепатит. Синхронизацијата на локалната и националната власт, во соработка со граѓанскиот сектор е од големо значење за здравјето на луѓето.,,- рече градоначалничката Петровска.

Еден од приоритетите на Министерството е превенција и едукација на населението и здравствените работници, со цел заштита од ова заболување. Министерството во континуитет ги следи препораките на Светска здравствена организација, рече Чакаровски. Тој се заложи да се направат напори и Македонија да има вакво возило за постојани потреби, за што рече дека ќе направат пресметка колку би чинело за да се набави возило од овој тип.

Од „Хепар Центарот“ очекуваат Македонија да продолжи со набавка на најсовремени лекови за болестите на хепарот. „Заедно со Министерството за здравство сме во процес на набавка на современи медикаменти за одреден број критични пацинети во Македонија. Имавме неколку случаи на трансплатнација, меѓу кои и 25 годишен битолчанец, кој имаше две трансплантации и компликации. Заменик министерот успеа да набави почетна донација за него и пацинетот се стабилизира. Очекуваме импелементирање на современите лекови во Македонија и што поголем број на пациенти да ги добијат истите, со што би се намалил бројот на смртни случаи и на трансплантации.“- рече Мишковиќ од „Хепар центарот“.

 

Сподели:

Клучни зборови: Клиничка, болница, Битола, хепар, црн, дроб, мобилен, центар, прегледи, тестирања