Донации

Во склоп на втората фаза од хуманитарниот настан,  кој традиционално се организира по повод светскиот ден на сидата 1-ви декември  од страна на Ротаракт клуб Битола и ПЗУ

Во склоп на втората фаза од хуманитарниот настан,  кој традиционално се организира по повод светскиот ден на сидата 1-ви декември  од страна на Ротаракт клуб Битола и ПЗУ "Др. Костурски" Битола, беше набавен рачен дермоскоп кој беше дониран и ќе најде своја примена во одделението за дерматовенерологија при ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Дермоскопот беше врачен за користење во понеделник,  20 мај во присуство на докторката Др.Дијана Ѓоргиевска - Раководител на Одделение за дерматовенерологија , Директорката Др. Елизабета Ивановска , претседателката на Ротаракт клубот - Криста Павлоска и двајца претставници од клубот, Константин Џиланов и Филип Стојановски.     

“Станува збор за револуционерна дијагностички апарат кој се користи при превентивни прегледи и при рано откривање на меланом и останати кожни карциноми, истиот овозможува прецизен увид на сите промени на кожата  и истиот ќе биде од голем бенефит како за Одделението така и за пациентите. Со напредок на медицината на сите полиња ние како клиничка болница сериозно го сфаќаме здравјето на кожата на нашите пациенти, бидејќи не само што кожата претставува најголемиот орган на телото,  туку истата е критична имунолошка бариера која не одржува безбедни и здрави во нашата околина и истата е мошне подложна на влијанија на надворешни и внатрешни влијанија. Од едноставни акни до комплексни нарушувања на кожата, нашата мисија е да обезбедиме најнапредна нега на кожата за нашите пациенти.           

Благодариме за донацијата на Ротаракт клубот, се надеваме и во иднина на успешна и плодна соработка со нив” - изјави директорката Др. Елизабета Ивановска.

“Наша главна цел e подобрување на севкупната здравствена состојба и животни навики на нашите пациенти како и промовирање на здрав живот, со тоа донацијата на Ротаракт клубот на овој рачен дермоскоп претставува олеснување - при вршење на превентивни прегледи и дијагностика на промени на кожата кај пациентите и секако на нашата работа како доктори од Одделението за дерматовенерологија. Благодариме на донацијата и се надеваме и на понатамошни соработки со Ротаракт клубот Битола“ -  изјави Др.Дијана Ѓоргиевска - Раководител на Одделение за дерматовенерологија.

Сподели:

Клучни зборови: Ротакарт клуб Битола, Донација, Одделение за дерматовенерологија