Вести

Менаџерскиот тим на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ за своето двегодишно менаџирање со болницата го поднесе извештајот за работењето, или популарно наречен отчет.

Менаџерскиот тим на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ за своето двегодишно менаџирање со болницата го поднесе извештајот за работењето, или популарно наречен отчет.

На отчетот во уводниот дел зборуваше директорот на Клиничката болница, д-р Зоран Лазаров кој за неговиот тим рече:

-Прво сакам да му се заблагодарам на менаџерскиот тим, на началниците на одделенијата, на лекарите и медицинските сестри и на сите вработени во Клиничката болница за поддршката и спроведувањето на активностите со кои се подобри квалитетот на услугите за пациентите и за подобрување на сите услови за работење. Инаку, менаџерскиот тим (МТ) на Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ од Битола беше формиран на 08 август 2017 година. Него го сочинуваат Генералниот директор и три стручни директори за: интернистички служби, за дијагностика и за хирушки служби. Членови на тимот се уште и одговорните за финансиски и правни работи и главната медицинска сестра во болницата. Во овие две години пракса е тимот да се состанува секој ден на утрински, координативни состаноци и еднаш во месецот на стручен колегиум со раководителите на сите  служби и другите вработени коишто имаат желба да присуствуваат. Стручните директори одржуваат состанок со раководителите на службите еднаш неделно, а по потреба и поединечни состаноци.

Лазаров за работењето на менаџерскиот тим во ова полугодие се рефлектира во следните три сегменти: стручен, организациски и техничко-технолошки, а ги наведе  реализираните стручни проекти:

-Реализираните стручни проекти се:

-рано детектирање на пациенти со сепса на матичните одделенија со примена на ревидираниот SOFA скор според препораките на SEPSIS 3 консензус конференцијата и на WHO од мај 2017 година

прием, иницијална дијагноза и дистрибуција на итни пациенти преку конзилијарен, поливалентен преглед, врз основа на што се однесува одлука за понатамошното лекување на итните пациенти. Иницијалната еваулација се врши во службата за ургентна медицина, односно во собата за итни состојби и се нотира во посебен медицински документ

прашалник супституција на стандардните коагулациски тестови во преоперативната еваулација на пероперативниот ризик од хеморагија кај елективни, хирушки пациенти, со што се постигнува заштеда на финансиски и материјални средства и се скратува периодот на чекање до елективната оперативна интервенција (во фаза на реализација)

чист пациент во оперативен блок значи хигиенски припремен пациент во оперативен блок и функционирање на оперативниот филтер за пациентите и персоналот со употреба на унифицирана облека за еднократна употреба и еднонасочен сообраќај на пациентите и персоналот во оперативен блок

персонална рекомпозиција на комисијата за малигни заболувања со квалитетни членови со што се реализира правото на пациентите со малигни заболувања да бидат евалуирани од конзилиум според прифатените стандардни критериуми за квалитет и мултидисциплинираност

персонална рекомпозиција за контрола на интрахоспиталните инфекции со квалитетни членови со што се створени премиси за одговорен и стручен приод во конфронтација со еден од најсериозните проблеми во нашата болница.

Исто така генералниот директор ги спомена и реализираните техничко-технолошки проекти во Клиничка болница:

набавени современ апарат за електрокоагулација (лигашур) , донација на компанијата „Кромберг и Шуберт“ индустриска зона Жабени во Битола (благодарност)

набавен апарат за механичка вентилација преку превземање од Универзитетската клиника за пулмологија во Скопје, во координација со Заменикот министер за здравство на Република Северна Македонија Д-р Гоце Чакаравоски и директорот на Универзитетската клиника проф. Д-р Докич Дејан (благодарност за двајцата)

набавен апарат за континуирана, торокална дренажа , донација од компанијата „Техногас“ од Скопје (благодарност)

обновен сет за ендоскопска биопсија со сопствени средства

две донации од Кралството Шведска реализирани преку пријателите на Битола, брачниот пар Марија и Томас Розенгрин (благодарност). Донациите се состоеа од: употребувани, стандардни, болнички кревети, два монитори за стандарден хемодинамиски мониторинг, еден канпометар и оксилог, ортопедски помагала, медицински униформи, пнеуматски борери за ортопедија и травматологија

донација од Конфедерацијата Шведска реализирана преку пријателката на Битола, Бојана Велков (благодарност). Донацијата се состоеше од употребувани четири кревети за интензивно лекување со електричен механизам, два ехосонографски апарати, еден мобилен гинеколошки стол,  една транспортна количка за лежечки пациенти, сетови ларингоскопи, нови сетови за видеоинтубација (Airtraq), спекулими за еднократна употреба, ендотрахеални тубуси, три апарати за одржување на хигиена на големи, болнички простории, потрошен хирушки материјал и два апарати торникет за „бескрвни“ оперативни интервенции на долни и горни екстремитети, закривени ларингеални маски за повеќекратна употреба, потрошен хирушки материјал

донација од АМД Георги Наумов – Битола два ЕКГ апарато (благодарност)

донација на парични средства со однапред определена намена од ЕЛЕМ подрачна единица Битола. Средствата ќе се искористат за набавка на спирометар, седум апарати за инхалациона терапија и два ЕКГ апарати (благодарност)

инкубатор за интензивна нега на недоносени новородени, проект на Министерството за здравство на РСМ

донација на топли бебешки креветчиња АД Стопанска банка Битола (благодарност)

донација на машина за перење на алишта од Ротари клуб Битола (благодарност)

-во тек е реализација на тендер за набавка на медицинска опрема.

За другите проекти кои се реализирани или ќе бидат реализирани, Лазаров ги посочи:

-ставање во функција на акцелераторот за терапија на малигни болести

-ставање во функција на третиот транспортен лифт

-хортикултурно уредување на паркот пред болницата

-реализирана реконструкција на тоалетот за пациенти во ходникот на болницата

-изготвен проект за реконструкција на дневната болница и ургентна интернистичка амбуланта. Се бараат средства за реализација.

-се изготвува проект за темелна реконструкција на амбулантно-поликлиничкиот дел во соработка со Институтот за трансфузиона медицина во Скопје

-реновирани болнички соби и амбулантски простор во Службата за дерматовенерологија, ставена во употреба болничка соба за хоспитализирани пациенти со рани (Varices crusis)

-реновирана лекарска соба, преадаптирана и реновирана втора амбуланта во Службата за неврологија за ЕМГ и ЕЕГ дијагностика

-во тек е темелна реконструкција на санитарниот чвор, бањата и дневата болница во Службата за педијатрија – донација на Ротари клуб – Битола.

За специјалициите или за стручното усовршување на лекарскиот потенцијал и за соработката со Универзитетските клиники од Медицинскиот факултет во Скопје, Лазаров за колку лекари с ена специјализација нагласи:

-Во ендоскопскиот кабинет во соработка со Клиника за ГЕХ и доц. Д-р Дерибан се изведуваат 3 пати месечно дополнителни ендоскопски интервенции кои истовремено се користат за едукација на 4 доктори кои се во тек на супспецијализација

-Во соработка со Клиника за пулмологија се изведува 2-3 пати месечно бронхоскопија на избрани пациенти и ехо на бели дробови кои истовремено се користат за едукација на една докторка која е во тек на супспецијализација

-Три доктори од 15ти февруари започнуваат едукација за еходоплер на крвни садови на врат и глава, методата ќе започне да се применува во редовна процедура преку мој термин од 01.06.2018 година

-Од февруари две докторки започнуваат едукација на Клиника за дерматовенерологија и во Општа болница 8ми Септември за Доплер на периферни крвни садови и современ третман на рани.

Директорот го спомена и погранилниот проект со Република Грција и Република Албанија, за што веќе е потпишан е меморандум за соработка на Клиничка болница Битола, Болницата од Лерин во Р. Грција и болниците во Корча, Р. Албанија во рамките на европските проекти за погранична соработка за развој и имплементација на нови хирушки техники

Менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола во наведениот период превзеде низа активности за подобрување на работата на болницата во насока на подобрување на условите за работа и престој на пациентите и осовременување на просторот, набавка на нови апарати, воведување на нови дијагностички методи, а Лазаров рече што се е набавено и сработено:

-набавен, вградувње и пуштање во употреба на транспортен лифт

-набавена на печењара во болничката кујна

-дигитален ЕЕГ апарат во службата за неврологија

-видеоларингоскоп и започната видеоларингоскопија во Службата за ОРЛ

-ткивен процесор и водена бања за припрема на препарати во службата за патологија

-набавени и ставени професионални инхалатори и ЕКГ апарати во службите за интерни заболувања, пнеумофтизиологија и педијатрија

-набавка на електричен борер во службата за ортопедија со што службата двојно го зголеми обемот на работа

-набавена и ставена во работа оптичка кохерентна томографија в службата за Офтамологија – едниствена во јавно здравствена установа во регионот

-набавка на 2 ЦТГ апарати за службата за гинекологија

-набавени 2 ДИА динамик апарат во службата за физикална медицина и рехабилитација

– набавка на краниотом во службата за неврохирургија

-набавени и поставени автоматски врати во сите хирушки сали и хирушки оддели

-набавена и ставена во функција машина за чистење на подовоте во болницата

-изготвен план за заштита при работа во Клиничка болница Битола

-набавка на систем за дестилирана вода и реконструкција на службата за инфузиони раствори

-превземање на сопственоста на паркингот на болницата, набавка и поставување на автоматизиран систем за негово функционирање, асфалтирање на пристапните патеки во болницата

-набавка на службено возило

-изработен основен и изведбен проект за реконструкција на хирушките амбуланти

-темелно реконструиран и ставен во функција базенот и пропратните простории во одделот за физикална терапија

-реконстурирани санитарните чворови во оддел за лежеки болни пациенти во физикална медицина, одделение за психијатрија и Управата

-генерален ремонт и санација на под на автоклавот во ортопедија

-поставена 10 барска компримирана линија за потребите на ортопедската хирушка сала

-заменети со лед светла 60% од светилките во болницата за зголемување на енергетската ефикасност

-набавен нов дигитален мамограф преку пограничен проект со Р. Грција

-поправка на МР замена за клхет и дополнување со хелиум за непречено работење на истиот

-генерален ремонт на компресорската подстаница

-монтажа на компјутерска мрежа во радиологија/акцелератор

-вработувања во наведениот период до денес вкупно 86.

-проектот со „ЕКТ“ Кралски институт Шведска „Со хуманитарна рака до чиста енергија“.

 

 

Сподели:

Клучни зборови: Отчет, Менаџерски тим, Клиничка болница Битола