Донации

На 13-ти Декември во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Битола, Директорката Др.Елизабета Ивановска ја прими делегацијата на Прилепска пивара, предводена од нивниот бренд менаџер за пиво, така што разменија мислења за подигање на свеста посебно кај машката популација и истовремено ЈЗУ Клиничка болница Битола прими донацијата од страна на Прилепска Пивара.

На 13-ти Декември во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Битола, Директорката Др.Елизабета Ивановска ја прими делегацијата на Прилепска пивара, предводена од нивниот бренд менаџер за пиво, така што разменија мислења за подигање на свеста посебно кај машката популација и истовремено ЈЗУ Клиничка болница Битола прими донацијата од страна на Прилепска Пивара.

По тој повод Др.Елизабета Ивановска изјави: „Голема благодарност до компанијата Прилепска Пивара, кои покажаа голема хуманост  како општествено одговорна компанија  спрема ЈЗУ Клиничка Болница Битола, но  и пред самите граѓани на Битола, со финансиска поддршка  од 500.000 денари кои ги  донираат во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Донацијата ќе биде употребена за набавка на state od the art - неопходна опрема и тоа: Уретерореноскоп со комплетен сет за лититрипсија на камења во уринарен тракт  за потребите на Одделението за урологија со цел на поефикасно и поефективно работење на одделението, при вршење на третмани кај пациенти од полесен и покомплициран карактер. Опремата ќе биде набавена во најбрз можен рок и за истото нашите граѓание ќе бидат известени навремено, со цел да може да се пријавуваат за потребните прегледи и третмани во конкретното одделение.   Нашата болница, која со години наназад е позната по своите квалитетни здравствени услуги, опслужува граѓани  од целиот југо-западен регион, има висок степен на експертиза во повеќе специјалистички области и истотака во областа на Урологијата. Оваа донацијата претсавува добра волја и желба да се помогне а истата претставува помош во вистински момент.

„Во рамките на глобалната кампања што охрабрува активности за подигнување на свеста за машкото здравје, Прилепска пивара втора година по ред ги додаде мустаќите на етикетите на „Златен Даб“ со што упатија силна порака за поголема грижа за физичката и за менталната благосостојба кај мажите. Преку кампањата „Мовембер“ апелираа за вршење редовни прегледи и рана детекција на несаканите заболувања, водење отворена дискусија за машкото здравје и секако посакаа поздрав и посреќен живот. Оваа година донацијата од кампањата „Мовембер“ ја предаваме на ЈЗУ Клиничка болница Битола и тоа во Одделение за урологија во Битола, и истата ќе биде употребена за набавка на потребна опрема неопходна за секојдневните прегледи.“  - изјавија од Прилепска Пивара.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Прилепска пивара, Одделение за урологија