Донации

Со оваа донација, Јапонија овозможи ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола да добие нов ехо апарат (Canon) на Одделот за педијатрија, во вредност од 52.779 евра.

На 21-ви ноември, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола. Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, и Директорот на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, д-р Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.

​Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола да добие нов „Canon“ ехо апарат на Одделот за педијатрија, во вкупен износ од 52,779 евра.

​„Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата.” Вели д-р Обедниковски.

​„Децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.” Вели Амбасадорот Савада.

​Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, и Директорот на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, д-р Александар Обедниковски. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

​Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

​Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Сподели:

Клучни зборови: Донација, Ехо апарат, Јапонија, Клиничка болница - Битола