Вести

Денешното отварање на реновираниот оддел за гинекологја и акушерство при јЗУ Клиничка болница Битола како и пријатната атмосфера која е создадена од вредните раце на вработените во одделот не ги остави рамнодушни сите посетители кои беа присутни на оваа прекрасна церемонија и измами насмевки на нивните лица како и воодушевувања од постигнатите резултати.

Денешното отварање на реновираниот оддел за гинекологја и акушерство при јЗУ Клиничка болница Битола како и пријатната атмосфера која е создадена од вредните раце на вработените во одделот не ги остави рамнодушни сите посетители кои беа присутни на оваа прекрасна церемонија и измами насмевки на нивните лица како и воодушевувања од постигнатите резултати.

Во последните 3 месеци, менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола на чело со Др.Елизабета Ивановска, Раководител на оддел за гинекологија и акушерство Прим.Др.Елизабета Чипуровска, докторите од одделот Др.Николина Ристевска, Др.Тихомир  Велевски како и одговорна сестра Елена Дивјаковска, преку многубојни донации  го остварија еден од најголемите проекти кои се случиле во оддел за гинекологија во последните децении.

Во кампањата за целосна реконструкции е извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводна и електрична мрежа, која беше од мошне неопходен карактер и истата беше непроменета десетици години. Се изврши замена  на поголемиот дел од опрема кој се користеше во истото, и тоа  апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите.          
При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и целовкупно реновирање кое вклучува:  родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори и тоа од преку несебичната донација од проектот ПериМак и проектот Хоуп (ΗΟPE). Понатаму инсталирана е топлотна пумпа од марка LG - како и комплетно реновирани 2 купатила со 3 санитарни јазли, и тоа преку дарежлива донација на невладината организација Ханд тилл Ханд - Марија и Томас Росенгрен од Шведска кои во повеќе наврати донирале во нашата болница, како и Јулија Фаткуллина од Стокхолм од асоцијацијата Handelsbanken Fadderbarnsfond како и Лена Акерлунд од организацијата Stiftslse Brodet.
Со комплетната реконструкција беа опфатени сите болнички соби, работна соба на медицинските сестри, истите се опремени со нов инвентар: комоди, шкафови, ѕидни плакари за медицинска постелнина, целосно нови  - опремени кревети, фотелји со помошни масички кои ќе го олеснат доењето на мајките и една новина која ја воведовме а е веќе пракса во сите поголеми медицински центри, тоа е ГПС локатор- нараквица,  пациент-сестра, со што ќе се олесни комуникацијата во итен случај меѓу пациентка и медицинската сестра.   
Извршена  е промена на подови, врати, заштитни фолии на прозорци, осветлување над секој кревет, телевизори, промена на инвентар во ходник и чекална и преостанати неопходни работи кои што недостасуваа и истите вработените во одделот се  потрудија да ги обезбедат преку донации од почитувани и лојални донатори на клиничка болница Битола.     

“Изминатите месеци интензивно работевме за тоа нашиот Оддел за гинекологија и акушерство кој дава услуги на пациентки кои не се само од нашиот град туку и од околните градови, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и други, за истиот обезбедивме најсовремени апарати и опрема која ќе ја користат докторите како и самите пациентки, такашто обезбедуваме пријатна атмосфера како за мајките така и за нивните новороденчиња.         
Во нашиот Оддел за Гинекологија и акушерство во последните неколку месеци со заедничката заложба на менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола, Раководителката на одделот - Прим.Др.Елизабета Чипуровска и Др.Николина Ристевска, Др.Тихомир  Велевски како и одговорна сестра Елена Дивјаковска,  обновен е комплетно, реконструиран и ревитализиран целиот оддел за гинекологија и акушерство.Во името на сите вработени во ЈЗУ Клиничка болница Битола, Оддел за гинекологија и акушерство како и во името на менаџерскиот тим и од мое лично име, би сакала да се заблагодарам за несебичната поддршка на сите донатори кои учествуваа во овој наш проект и со тоа овозможија да се врати сјајот на нашиот оддел за гинекологија и акушерство каде на свет доаѓаат нашите најмили - децата.        
Тука би ги спомнала: Минт Групацијата, Фарма Пивковски, Еурофарм аптеки, Сигнатура аптеки, Роса Вита аптеки, Синпекс, Кипер Маркети, Самостоен синдикат РЕК, БВ Инженеринг, Мерве керамика, Шате керамика, Кофи Ангел, КПД Затвор Битола, ЈП Водовод, Бал Бања, Генеа Лабораторија, ЗД Игнација, Фармахем, Мебло Трејд, Трампе компани и многу други донатори.   
Би заклучила дека, со оваа реконструкција и ревитализација на одделот гинекологија, која не застанува тука, напротив планирана е реконструкција на приемно-ургентна амбуланта и сала за интервенции, се потрудивме да создадеме поповолна слика на болницата како подобри услови за родилките и нивните бебиња а со тоа ги стимулираме младите да обрнат внимание и да го негуваат личното и семејното здравје.”         - Др. Елизабета Ивановска директор на Клиничка болница           

Изјава Др.Елизабета Чипуровска:

Во духот на човечката солидарност се постигна одличен резултат во донаторската акција зад која стојат над 30 фирми и поеднинци.

Овој успех се должи на нашата тимска работа.

Др.Елизабета Чипуровска - Ркаоводител на ГАО,  Др.Николина Ристевска, Др.Тихомир Велевски и несебичната поддршка на менаџерскиот тим на КБ Битола.

Неизмерна благодарност до сите донатори и поединци кои ни помогнаа да го реализираме овој проект.

Зад Клиничка болница  „Д-р Трифун Пановски“ - Битола стојат над 50 години огромно искуство, упорна работа и безброј успешни и забележливи резултати. Затоа веруваме дека истата ја заслужи Вашата доверба и заслужува да го доверите Вашето здравје на нејзините вработени.

Секојдневно ги подобруваме условите во нашата здравствена установа. Здравствената заштита ја подигнавме на повисоко ниво, а здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа а со тоа  обезбедуваме поквалитетна грижа за нашите пациенти.

Галерија:

Сподели:

Клучни зборови: Ревитализиран Оддел за гинекологија и акушерство