Сервисни информации

Во Одделението за лабораториска дијагностика при Клиничката болница во Битола почнаа да се вршат нови анализи кои што се важни за здравјето на пациентите, информира портпаролот на битолската болница, Сузана Конеска.

Таа посочува дека со ова се зголемува спетарот на крвни анализи кои можат да се направат на ова одделение во Клиничката болница во Битола.

 “Станува збор за многу важни анализи за здравјето на пацинетите, и тоа D-dimer (се работи во плазма), Toatal ige (во серум), Free PSA (се работи во серум), BNP (се работи во плазма), витамин Б12 (исто така во серум), витамин Д (се работи во серум), инсулин (се работи во серум) и липаза во серум.,,-вели Конеска.

За подетални информации пациентите можат да се информираат во одделението за лабораториска дијагностика. Со овие анализи пациентите ќе имаат поголема можност за подобрување на своето здравје, истакна Конеска.

Сподели:

Клучни зборови: анализи, клиничка, болница, битола, тестирање