Вести

Нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и трауматологија набави менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола,  со сопствени средства. Постоечкиот, стар повеќе од 30 години, безброј пати беше поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот.

Нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и трауматологија набави менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола,  со сопствени средства. „Деновиве, на одделението за ортопедска хирургија и травматологија пристигна новиот борер за работа во операциона сала. Постоечкиот, стар повеќе од 30 години, безброј пати беше поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот. Новиот електричен борер на фирмата Zimmer е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и се подобрува квалитетот на работата. Во склоп на истиот има додатоци за пили, бургии, киршнерови игли, римери и друго, со што безбедно и по највисок светски стандард ќе бидат изведувани трауматолошките и ортопедските операции. Веруваме дека со големата ангажираност на менаџерскиот тим и  со подобрување на квалитетот на работа на тимот во ортопедија  наскоро ќе го вратиме високиот рејтинг кој го имаше ова одделение, а со тоа и довербата кај пациентите.“ - изјави портпаролката на Клиничката болница Битола, Сузана Конеска.

 

 

 

 

Сподели:

Клучни зборови: Борер, Операциона сала, Ортопедска хирургија и трауматологија, Пили, Бургии, Киршнерови игли, Римери