Вести

Од утре започнува снимањето на дел од играниот филм, „Сирената во Париз“ во клиничката болница во Битола, каде се вршат последните подготовки пред да дојде филмската екипа, актери, режисер, сниматели, тонци…

Од утре започнува снимањето на дел од играниот филм, „Сирената во Париз“ во клиничката болница во Битола, каде се вршат последните подготовки пред да дојде филмската екипа, актери, режисер, сниматели, тонци…

Локален менаџер на филмот во Битола е битолчанецот Вања Ѓоргиевски, кој за снимањето во Битола вели:

-Дел од филмот „Сирената во Париз“ од утре, во наредните шест дена, до 9 септември, ќе се снима во клиничката болница во Битола, во дворот, во влезот на болницата и во одделенија. Во екипата утре ќе има околу 60 лица. Сите подготвки веќе се при крај и утре ќе започне снимањето, кое ќе заврши во предвидениот рок. 

Продуцентот, Емил Костовски, локален менаџер на филмот, за снимањето во Битола вели:

-Имаме одлична соработка со директорот Зоран Лазаров, како со ретко кој друг со кој сум соработувал, а тука мора да потенцирам дека имаме поддршка од целиот персонал во Болницата и се надевам дека соработката ќе продолжи за време на снимањето. Инаку, за филмот би кажал дека е љубовна драма, која се случува во Франција, во која главни ликови се една девојка кога, ќе запее, кој ја слуша умира бидејќи им го „крши срцето“ и момче на кое веќе срцето му е „скрешено“ и песната не делува на него. Тој ја наоѓа девојката повредена, ја носи во болница и започнува заплетот…

Од клиничката болница велат дека снимањето на филмот во наредниот период нема воопшто да се одрази на пациентите, но оние кои ќе се затекнат на снимањето во некои делови на болницата, ќе добијат информации за тоа каде да се движат, од лицата задолжени за тоа.

 

Денес во дворот на Книничката болница се завршуваат работите околу поставување на новото филмско име на битолско-париската болница.

Сподели:

Клучни зборови: Филм, Сирената во Париз, Клиничка болница Битола