Дежурните гинеколози на гинеколошкото одделение овие неколку денови имаа полни раце работа. На гинеколошкото одделение во ЈЗУ Клиничка болница Битола истовремено се слушна плачот на шеснаесет новороденчиња сите од различни мајки. Ова се случува за прв пат во поновата историја на градот, каде со години се бележи намален наталитет и е рекордно висок број на породувања во однос на последниот период.
Одделот за Гинекологија и акушерство брои вкупно родени 184 бебиња за тековната 2024та година, додека пак од шеснаест бебиња осум бебиња се машки, додека пак преостанатите осум се женски.
„Благодарност до дежурните гинеколози овие неколку денови и целиот тим на Оддел за гинекологија, честитки до мајките на новороденчињата. Се надевам дека и во следниот период ќе имаме бериќетни месеци а тоа го навестува овој ден на кој што истовремено имаме во овај оддел шеснаесет бебиња. Родилките и новороденчињата се во одлична здравствена состојба и пороѓаите поминаа во најдобар ред. “ Др. Елизабета Ивановска директор на Клиничка болница, Истата изјави дека не се памети кога последен пат имало толкав број на породувања во толку краток период во нашиот град.
Очекуваме уште новороденчиња и неуморно работиме на тоа да им овозможиме најдобри услови и беспрекорна здравствена заштита како на мајките така и на новороденчињата кои доаѓаат на свет токму во нашата болница при Оддел за гинекологија.
Ден за радост и среќа за нас но и за многу семејства, а воедно и празник. Би сакала во името на менаџерскиот тим и сите вработени во Клиничка болница да им го честитаме и националниот празник на Власите , со желби за убавини и радост во нивните домови.
“Благодариме на дежурниот тим кој овие некоку денови неуморно работеше и ни донесе здрави бебенца. Оваа година се потрудивме во нашиот Оддел да направиме комплетна реконструкција на самиот и замена на целовкупната опрема кој се користи во истото. Просторот за породување во нашиот Оддел е оплеменет со пријатна атмосфера која ние како вработени сме должни да им ја овозможиме на родилките и бебињата. Секое породување го водиме индивидуално и истото зависи од соодветната подготовка. Родилката треба да ја знае својата состојба, да има информации за самото породување, да биде во добра здравствена состојба и физички подготвена, но и да биде психички подготвена за породувањето. Родилката треба да го познава гинекологот кој ќе ја породува, а и тој неа преку редовните контроли за време на бременоста.” истакна Др. Елизабета Чипуровска - раководител на Оддел за гинекологија и акушерство.
Бенефитот од подготовката за породување и поддржувањето на природниот породилен процес овозможуваат подобар почеток и развој на детето, ја зајакнуваат врската мајка-дете-татко, и ги стимулира родителите да обрнат внимание и да го негуваат личното и семејното здравје.
За најдобро лично и семејно здравје вие најдобро знаете да го препознаете квалитетот и негата, на нашата болница.