Вести

По повод денешниот празник на сите здравствени работници и соработници во светот Здужението на лекари од Битола и од името на Директорот на ЈЗУ  Клиничка Болница Битола им го честитаме празникот кој оваа година Светската Здравсвена Организација го прославува под мотото: ИЗГРАДБА НА ПОПРАВЕДЕН И ПОЗДРАВ СВЕТ ЗА СИТЕ

По повод денешниот празник на сите здравствени работници и соработници во светот Здужението на лекари од Битола и од името на Директорот на ЈЗУ  Клиничка Болница Битола им го честитаме празникот кој оваа година Светската Здравсвена Организација го прославува под мотото:

                    ИЗГРАДБА НА ПОПРАВЕДЕН И ПОЗДРАВ СВЕТ ЗА СИТЕ

 Последните години западните земји имаат брз економски раст,миграција и урбанизација.Ова им овозможи подобар и полагоден живот на многу од тамошното население,но за разлика од нив многу повеќе од светската популација, од другите земји ,заостанува назад.Пандемијата со COVID-19 прекина многу здравствени можности,доведе многу луѓе во пропаст,сиромаштија,социјална и здравствена нееднаквост.На Светскиот ден на здравјето СЗО повикува на активности кои би ги елиминирале овие нееднаквости,особено здравствените.Кампањата го потенцира начелото”повисок здравствен стандард како фундаментално право на секој човек без разлика на раса,религија,политичка определба,економски или социјален статус”

 Здружението на Лекари Битола  заедно со Директорот на ЈЗУ  Клиничка Болница Битола им го честита Светскиот ден на здравјето на сите здравсвени работници и соработници при што посебен акцент им се дава на нашите колеги,лекари,кои еве скоро 14 месеци несебично и пожртвувано се борат за здравјето и животите на пациентите заболени од корона вирусот. Овде би ги спомнале сите лекари специјалисти и сите специјализанти кои последната година ја водат битката со овој невидлив непријател, а никако не би ги заборавиле и останатите здравствени работници и соработници без кои не би била борбата комплетна.Тие се нашите херои на денешнината.

Во оваа прилика би ги споменале сите лекари специјалисти кои работеле и работаат со овие пациенти во КОВИД ЦЕНТРИТЕ: Прим.Др.Ели Димитровска, Прим.Др.Данчо Балаловски, Др.Џулијана Ристевска, Прим. Др.Марија Паспаловска, Др.Михајло Насев , Др.Силвана Штаковска, Др.Рамона Трајковска, Др.Владимир Радевски, Др.Елизабета Ивановска, Др.Ненси Лозанче,  Др.Тања Струмениковска Ристевска , Др.Мери Патче, Др.Горан Петровски, Др.Владимир Михајловски, Др.Снежана Ристевска, Др.Тодор Тодоровски, Др.Мимоза Гелевска, Др.Игор Неделковски, Др.Христијан Ѓоргиевски, Др. Славица Најдовска, Др. Михајло Ванѓелов, Др. Маја Белевска,  Др.Лилјана Хенту, Др.Маја Талевска, Др.Марија Налбанти, Др.Славица Настевска, Др.Катерина Каранџуловска, Др.Јулијана Томска, Др.Боби Трајковски, Др.Ана Велјановска, Др.Јован Митревски, Др.Елена Шишкова, Др.Елена Кикирковска, Др.Жаклина Сервини , Др.Александар Христовски, Др.Теодор Ерка, Др.Филип Ѓоршевски ,Др.Марија Јанкуловска, Др.Тихомир Велевски, Др.Билјана Каранфиловска, Др.Ѓорги Саздановски, Др.Симе Силјановски, Др.Александар Димовски, Др.Лујза Вељановска, Др.Лидија Димиртовска, Др.Ана Пејчиновска, Др.Ирена Трајчевска, Др.Весна Шикловска, Др.Сашо Василевски, Др.Билјана Илиевска.

Исто така посебна благодарност и на сите ангажирани специјализанти: Др.Јулијана Георгиевска, Др.Весна Јаневска, Др.Елена Алексоска, Др.Александар Гацовски, Др.Филип Василевски, Др.Петар Балаловски, Др.Елена Тасевска, Др.Петар Василевски, Др.Марија Наумовска, Др.Христина Николовска, Др.Маја Петровска, Др.Анета Кочишки, Др.Михаела Мишкоска, Др.Дејан Петровски, Др.Стефан Лазароски, Др. Јасмина Радевска, Др.Ангела Петровска, Др. Оливера Пашанко Струмениковска, Др. Пеце Петковски, Др. Бобан Белевски, Др. Христијан Велјановски, Др. Катерина Јолевска, Др. Емилија Паришко, Др. Виолета Андреевска, Др. Ана Јовчева Трајковска, Др. Светлана Поповска.

На крај им го честитаме пензионирањето на колегите лекари и им посакуваме, пред се,добро здравје и долги години да уживаат во пензионерските денови.

Сподели:

Клучни зборови: Светски ден на здравјето