Инфузиони раствори

Оддел за инфузиони раствори


Инфузиони раствори


Историја

Првите чекори на Службата за физикална медицина и рехабилитација датираат од 1960 година. Поорганизирана работа започнала во 1946 година, кога службата веќе има постојано вработени лекар и терапевти.

Подоцна службата работи и во стационарен дел во просториите на старата специјална болница, заедно со Ортопедското одделение.

Во 1972 година се одделува како посебна работна единица со стационарен и амбулантски дел. Од 1983 година, службата се сместува во наменски новоизградена зграда, во која работеа основачите на службата: д-р Петар Илиевски, д-р Владимир Белевски, младите специјализанти д-р Владо Кирковски, д-р Христаки Спасевски и д-р Станко Ристевски.


Основна дејност

Службата за физикална медицина и рехабилитација се занимава со лекување, превенција, дијагностика и физикална терапија на болни и повредени, како и со нивна медицинска рехабилитација со цел враќање на нивната работоспособност, функционалност и ресоцијализација.

Во својата работа, оваа служба, применува физикални агенси во функција на медицинска превенција, лекување и рехабилитација.


Организациона поставеност

По својата организациона поставеност службата се состои од:

  • Стационар со 34 болнички кревети и
  • Амбулантски дел

Диспанзерот се состои од неколку работни единици и тоа:

  • Амбуланта
  • Оддел за електро-терапија
  • Оддел за кинези-терапија со современа кинези сала
  • Оддел за хидро-терапија со базен
  • Оддел за парафино-терапија и
  • Оддел за мануелна масажа


Високо едуциран кадар и современи методи

Во поново време воведени се и нови методи и тоа: ласеро-терапија, магнет-терапија и шок-вејв терапија.

Што се однесува до персоналот, на почетокот во оваа служба работеа само од неколку терапевти, но постепено се вработуваа лекари специјалисти, виши терапевти и терапевти со средна стручна подготовка.

До 2014 година носители на дејноста беа 6 лекари специјалисти. Но, откако дел од кадарот се пензионираше, службата се состои од:

4
Лекари специјалисти
4
Терапевти со висока школа
7
Терапевти со виша школа
7
Терапевти со ССС
7
Вработени - помошен персонал (болничари и хигиеничари)


Здравствена заштита за цел Југозападен регион

Вака организирана, службата дава здравствена заштита на населението од Битола и пошироко, односно од целиот Југо-западен регион, годишно со просечна хоспитализација од 538 пациенти и 10.150 амбулантски прегледи (просек за 2015 година).


Третман на пациенти

Во својата работа, службата за физикална медицина и рехабилитација, главно ги третира следните категории на пациенти:

  • Интернистички болести (најчести ревматолошки – воспалителен и вонзглобен ревматизам и дегенеративни заболувања),
  • Ортопедски (оперативно и конзеравативно третирани),
  • Состојби после повреди,
  • Невролошки заболувања (централни и периферни на моторен неврон),
  • Гинеколошки случаи (стерилитети и хронични заболувања),
  • Консултативни прегледи и широка соработка со сите служби во рамките на Клиничката болница- Битола.


Перспективи и развој

Преспективата на оваа служба е насочена кон домашно лекување на пациенти кои не се транспортабилни.

Перспективите за развој на самата служба се во зајакнувањето на капацитетот на пооделни работни единици со опрема и персонал, особено со доопремување и обновување на одделот на хидро-терапија со базен.